Огромни разлики на цени кај нас и ако купуваш online-ДОКАЗ!

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Погледнете го линков http://tinyurl.com/ykgqtuq и поарен доказ,здравје!
Инаку истиов телевизор кај нас се продава мин. за 24-25.000 денари,додека во САД е 15.539 денари или 379 $.тоа е разлика од околу 10.000 денари што е безобразна маржа.Ако се споредиме и со стандардот тогаш навистина сме за жалење.
Очигледно е дека нашиве увозници не дупат со цените и сигурен сум дека тие се главните кочничари за отварањето на македонскиот пазар и online-трговијата.Мораме да им се спротиставиме па макар и вака преку форумите,секое мислење се цени.:helou:
Ја откри Америка. :helou:

Разликата не е само во online купување. Низ Европа има outlet продавници каде што има невидени цени. Исти работи што кај нас се прилично поскапи. Да не знаеш што попрво да купиш.
Тие цени се диктирани од големината на пазарот. Не е исто Македонија со пазар од 1.500.000 и (пример) Романија со пазар од 20.000.000 жители. Колку поголем пазар, толку поголема можност за намалување на маржата.
Во Шпанија во голем маркет (да не е на плажа) може да купиш Милка чоколадо за 5-10 денари поевтино него од кај нас. Зошто? Затоа што таму има 1001 вид чоколада. Голем пазар, голем избор, мора да одат со помала маржа. Да не зборувам за пиво Heineken, Amstel, Carlsberg што имаат иста цена како локалните пива. Кој бил на апсолвентска знае за ова :)
Инаку се слагам дека трговците наши не дупат за некои работи, ама за ова се цените, не баш:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom