Ограда од 1.000.000 евра

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724

-Абе многу скапа оградава
-Е шо да прајме, толку се замислило....

:facepalm:
Доказ дека не мрдаат од тоа што им е зацртано. Коце со ова само покажува колку им е гајле за јавното мислење. Се прашувам дали воопшто он размислува со тиквата на врат. Не било скапо? Он од раѓање да не лежи на богатство па што нема мера кога нешто е енормно скапо? Каков кретен мајко мила...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Секојдневно некој моли за лечење на дете,кој им зависи живот....нели беше подобро овие пари да се насочат баш за тие потреби,да им се помогне на овие деца.
Жално е ова што се случува!:(
Имаше една поговорка, нахрани го гладниот еден ден, само тој ден ќе биде сит, научи го да лови, секој ден ќе биде сит.

Сите што имаат потреба од средства и лекување во странство за жал државата не може да ги помогне, не во овој момент, но дефинитивно може голем дел од таквите терапии во странство да ги прави во Македонија ако се инвестира во здравството наместо во вакви и врбоносни проекти. Само има и еден друг дел на целава приказна, битно е што носи гласови, а очигледно ова носи повеќе гласови од здравјето и образованието на луѓето, тоа е жалната вистина во Македонија.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942

-Абе многу скапа оградава
-Е шо да прајме, толку се замислило....

:facepalm:
Се понаша како на нафта да спиеме. Да го гледа некој од надвор што не не знае ќе мисли дека сме некоја покраина на Катар
 
V

Vollstandig

Гостин
Се понаша како на нафта да спиеме. Да го гледа некој од надвор што не не знае ќе мисли дека сме некоја покраина на Катар
Каква покраина, ова ти е во стилот :

-Тато дај пари...
-Немам
-Абе дај тато, ќе излегувам вчаршија?
(врти кесето полно со 1000ки)
-На ти една стотка и немам поќе...
--- надополнето: 14 мај 2012 во 15:12 ---
Доказ дека не мрдаат од тоа што им е зацртано. Коце со ова само покажува колку им е гајле за јавното мислење. Се прашувам дали воопшто он размислува со тиквата на врат. Не било скапо? Он од раѓање да не лежи на богатство па што нема мера кога нешто е енормно скапо? Каков кретен мајко мила...
Тој према мене и ништо не замислува. Доколку замислуваше немаше да биди во етер. Секогаш има некоја сосем трета фигура што одлучува и одредува што да биди кој нормално, за јавноста е особа Х. Само можеле да го спремат малце, да не биди говорот “Така ми дојде од нигде никаде“:))
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.170
Поени од реакции
18.216
Предмет на договор----------------------------------------------------Сума
Изработка и монтажа на канделабри и ограда----------1150 000:facepalm:
Реконструкција на ограда- градежен дел-------------------310 000
Откуп на авторско дело- калапи и негативи---------------240 000
ВКУПНО-----------------------------------------------------------------1 700 000
Минатата година беше реконструирана оградата и канделабрите на мостот Гоце Делчев а на оној кај МАНУ и асфалтот и тротоарите. Сите овие активности на двата објекта чинеа околу 800 000 евра.
Александар Димитриевски
На сумата од 1,7 милиони евра треба да се надодаде и сумата од 125.000 евра за изградба на
декоративно осветлување
.

Според тоа, вкупната цена на чинење на сѐ околу мостот е 1.825.000 евра
 
Само за споредба со друг многу поголем објект, средствата одобрени за реновирањето на Железничка Станица - Скопје се 2.600.000 евра.
 
Уште една споредба.Изградба на 6 (шест) кружни текови во Охрид = 110.000 евра.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
До кога бе ќе ги трпиме хировите на клошариве кои се збогатија на грбот на народот
Три врби 200000 евра
Ограда 1,7 милиони евра.
Уште малку на суво ќе почната да не бричат
Еееееееееееејјјјјјј луѓееееееееееее свестете се.
 
Врбите коштале само 250.000 еура. Изработката на проектот и работна рака, не е спомната.
Мостот е скоро 2.000.000 еура, не е само купувањето на оградата, му се додава тука и работна рака.Кога цифрите за нас се астрономски за купување на производот сигурно ќе бидат астрономски и за употреба/изработка/монтирање на него.

И нормално, за првиот дел од прашањето до кога ќе ги трпиме ваквите испади на власта, се разбира се додека има овци за стрижење. Кажи ми ти дали си слушнал досега ваква вест: “Волк нападнал поле со жито, и го испасил немилосрдно целото“ Сигурен сум дека не си слушнал, а и нема да слушниш. Ама си слушнал валдја за “Волк нападнал стадо овци и ги издавил 90 % од нив“

Се додека народот не посака да има промени, нема да ги има. Како што знаеме, сложни браќа куќа градат, а несложни две.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.170
Поени од реакции
18.216
Нов мост во Сарај = 1.300.000 евра.Нов.Од корен.
Додуша и тој беше првично 400.000 евра во најава.
 
P

Princ

Гостин
Нов мост во Сарај = 1.300.000 евра.Нов.Од корен.
Додуша и тој беше првично 400.000 евра во најава.
Плус што изгледа навистина одлично и јако корисно.
Инаку не знаев дека испаднал 1.3 милиони евра, ама и 400.000 се реално малку за мост...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Чекајте сега. Што бидна со тој веќе што го правеа? Или овој е тој истиот?
Може испаднал и толку, ако вклучиле и реконструкција на стариот кој колку што знам, ќе биде наменет исклучиво за пешаци.
 
P

Princ

Гостин
Стариот остана и ќе биде користен за пешаци само.
Ова е тој што го правеа односно завршен.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.170
Поени од реакции
18.216
Плус што изгледа навистина одлично и јако корисно.
Инаку не знаев дека испаднал 1.3 милиони евра, ама и 400.000 се реално малку за мост...
400.000 се малку, можда металната конструкција кренала доста цена.Главно ми беше споредбата 1,3 милиони за буквално нов мост и 1,8 за ограда од мост.Изгледа сме колективно неарни :)
Еве уште:
- Асфалтирање на локален пат по планински терен со 2 ленти, околу 7 км. = 500.000 евра.
- Реконструкција на локален пат со 2 ленти, околу 11 км. = ~ 120.000 евра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom