Оглас за вработување во МВР

Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
http://www.time.mk/c/1f572db71a/mvr-ke-vraboti-50-lica-so-visoko-obrazovanie.html
Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 ,39/12, 13/13, 25/13,170/13, 187/13 и 113/14), член 49 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11 и 158/11), член 95 од Законот за Полиција („Службен весник на РМ„ бр.114/06, 6/09. 145/12 и 41/14), а во врска со Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09)

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
РАСПИШУВА
ЈАВЕН ОГЛАС

За прием на 50 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен или најмалку 240 кредити според ЕКТС, и тоа:
I. 7 извршители со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција
II. 4 извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите
III. 10 извршители со завршен Природноматематички факултет
-насока хемија и биологија
IV. 2 извршители со завршен Природноматематички факултет
-насока физика
V. 1 извршител со завршен Машински факултет
-насока моторни возила
VI. 8 извршители со завршен Правен факултет
-5 извршители со завршен Правен факултет
-3 извршители завршен Правен факултет и со положен правосуден испит
VII. 8 извршители со завршен Економски факултет
-насока банкарство и јавни финансии
VIII. 10 извршители со завршен Факултет за безбедност
Кандидатите под точка III ќе засноваат работен однос на работни места во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи односно надвор од подрачјето на град Скопје.
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на РМ,
-да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
-познавање на работа со компјутери
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-диплома за завршено високо образование,
-извод од матична книга на родените,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
-кратка биографија (CV)
Кон апликацијата кандидатот може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес .
Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и:
- извод од историјатот на вработувањата, издаден од Агенцијата за вработување
-препораки од претходните работни места кои содржат податоци од лицето кое го препорачува
-потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации, трудови и публикации
-меѓународно признати сертификати за познавање на еден од шесте официјални јазици на Организацијата на Обединетите нации
-потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководно лице на институцијата во која е реализиран волонтерскиот стаж
-и други документи од интерес
4. Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои:
-одлични меѓучовечки вештини
-способност за тимска работа
-организациски вештини
-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови
-професионално однесување и позитивен однос кон работата
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведуваат Комисии за селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи формирани од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11, 114/2012, 187,2013 и 116/2014 ) и Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09) и истата се спроведува во следните фази:
- административна проверка на поднесената документација
- писмено тестирање (стручен, општообразовен тест)
- психолошки тест
- интервју
- здравствени прегледи
6. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.
7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8.Документот за докажување на државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
9.По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за внатрешни работи.
10. Пријавите со потребната документација, кандидатите се должни да ги достават лично до архивата на Министерството за внатрешни работи на ул.„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, секој работен ден во текот на работното време, односно од 08,30 до 16,30 часот.
11.Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
По скоро една деценија, МВР денеска огласи 50 места за кои се бараат високообразовани профили, од кои само 10 се за струката криминалист.

Седум генерации или над 600 дипломирани криминалисти кои завршиле како редовни студенти (без чудните профили од ФОН и Европски) денеска дочекаа да осамне и тој ден во кој ако не друго, барем ќе ја имаат можноста да ги извадат урамените дипломи и со нив да аплицираст во МВР, пред да наполнат 30 и никогаш повеќе да не ја имаат таа шанса.

Ако уставните измени се болна игра за забава на една добропозната елита, која сака да се сити на интералбански раздор, тогаш овој оглас е болна замисла на некој во министерството кој сака да се сити на раздорот меѓу членовите на Здружението на дипломирани криминалисти кој неминовно ќе следи.
 
Член од
15 август 2014
Мислења
16
Поени од реакции
9
ма не ;) јас на пример неможам да разберам за каква позиција се работи , тебе јасно ти е(n)?
затоа што пишале таму очекувања од работното место и поима немам што да напишам ...
извршител во мвр може да бидеш за многу работи и во многу сектори...
А мислам дека повеќето не пишат затоа што и овака и онака се знае кој ке ги добијат работните места -па нема што да се коментира. Ние останатите само ке си аплицираме колку за да речеме дека ете сме пробале...
 
Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
Со оглед на нивото на образование кое се бара, моја претпоставка е дека се работи за вешти лица и инспектори. Под точка еден логично е да бараат инспектори за сајбер криминал во соодветното одделение, под два за примена на посебни истражни мерки поврзани со телекомуникација, три и четири вешти лица за балистика и вештачења, пет - инспектор за возила, шест - правен тим и/или застапници, седум - инспектори за економски деликти и осум - инспектори за определен вид класичен криминал или контраразузнавање.
 
Член од
15 август 2014
Мислења
16
Поени од реакции
9
а каде го најде ова ,зошто јас не го видов во огласот:tapp:
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.210
Поени од реакции
522
и ... има нешто ново? До каде е работата, се вработија 50 високообразовани личности?
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
682
Поени од реакции
445
Најнапред информации за темата . Се работи за овие два конкурси http://moi.gov.mk/kategorija/konkursi
конкретно за овој за 52 извршители со високо образование http://moi.gov.mk/vest/212
Јас вчера преку пошта пратив во плико документи , и вчера гледам дневникот на Сител од 19 часот кога кажуваат информација се пријавиле вкупно 1350 кандидати и тоа 1147 кандидати за 600 места за полицајци и 203 кандидати за 52 места за извршители со високо образование , ова е веројатно до Понеделникот стигнати пријави од кандидати на пола од предвидениот рок за праќање пријави до крајот на рокот сигурно уште толку најмалку ќе стигнат пријавиhttp://sitel.com.mk/prijaveni-1350-kandidati-za-650-mesta-vo-mvr . Јавниот оглас беше објавен во дневните весници Вечер и Вест на 11 Јули и ќе трае 15 дена до 26 Јули.
Инаку да прашам знае некој за овие извршителите со 300 ЕКТС кредити што како ќе имаат статус доколку бидат примени што пари ќе имаат за плата ? Да знам барем за што сум поднел документи .[DOUBLEPOST=1437571294][/DOUBLEPOST]
Да се пријавив зошто да не ? Ти се пријави ли ?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.705
Поени од реакции
1.616
Па како поднесуваш докуемнти,а ништо не знаеш ?

зависи,имаше таму за компјутери за инспектори...различни сектори,зависи каде си поднел.Плата минимум 30 илјадарки.

мора лично да поднесеш,кој ти кажал дека ги примаат преку пошта документите ? мора лично да отидеш таму и да пополниш документ со кој се согласуваш дека што и да ти се деси на обуката,нема да го тужиш МВР,и да наведеш за кое работно место поднесуваш документи.

нема да се пријават уште дупло,бидејќи претходните се залетуваа,а после Куманово,не се одлучува секој да се пријави.

Претходните само за споредба,имаа по 5-6-7 илјади пријавени,а примаа дупло помалце од овој.
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Ако ти кажам што ти треба за да влезеш многу ќе се разочараш
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.705
Поени од реакции
1.616
Ако ти кажам што ти треба за да влезеш многу ќе се разочараш
Чекај он не знае за што поднел и што го чека,а не па што му треба за да влезе...ќе го шокираш на топлово :D
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
682
Поени од реакции
445
Па како поднесуваш докуемнти,а ништо не знаеш ?

зависи,имаше таму за компјутери за инспектори...различни сектори,зависи каде си поднел.Плата минимум 30 илјадарки.

мора лично да поднесеш,кој ти кажал дека ги примаат преку пошта документите ? мора лично да отидеш таму и да пополниш документ со кој се согласуваш дека што и да ти се деси на обуката,нема да го тужиш МВР,и да наведеш за кое работно место поднесуваш документи.

нема да се пријават уште дупло,бидејќи претходните се залетуваа,а после Куманово,не се одлучува секој да се пријави.

Претходните само за споредба,имаа по 5-6-7 илјади пријавени,а примаа дупло помалце од овој.[/qu

Јас се пријавив за извршител со завршени 300 ЕКТС од Правен факултет за во Кабинет на Министерот. Не е дека ништо не знам. Тоа ми беше не знам што подразбира тоа извршител и што статус и примања ќе има бидејќи во конкурсот пишува само извршител со потребно образование.
Погледни ако сакаш и можеш линкот од огласот под број 11 пишува може и лично но може и преку пошта да се пратат документите си пишува убаво за тоа ти го прочита ли тоа под број 11 ? Еве па види број 11 http://moi.gov.mk/vest/212 при дното е број 11.
Пишува дека после рокот за поднесување пријави Комисија од Министерството ќе спроведе постапка на селекција на кандидати и дури тогаш ќе се потпишуваат документи за обука како што ти спомена погоре.
Само ете немав избор јас уште немам добиено диплома туку само уверенија за 1 циклус од 180 ЕКТС кредити и уверение за 2 циклус магистерски студии 120 ЕКТС и вкупно 300 ЕКТС кредити, што да правам факултетот дури после 2-3 години откако се заврши дава дипломи дотогаш само уверенија не сум јас виновен за тоа.
Ќе се пријавт уште многу кандидати луѓето знаат дека има добри плати па што и ако е ризично? Знаеш на градежништво дека е ризично може од зграда да се падне а плус и работат на сонце на вакви пеколни горештини. Никаде не е како во МВР ако е ризично вакви плати ретко каде има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom