Зајче
Бело, и тоа!
- Член од
- 13 септември 2008
- Мислења
- 3.439
- Поени од реакции
- 3.945
Кризата ги изеде ваучерите
Апсолвентите оваа година нема да добијат вредносни ваучери за набавка на компјутери, велат од Министерството за информатичко општество. Првиот човек на Министерството, Иво Ивановски, вели дека годинава најверојатно нема да се спроведува владината акција за доделување вредносни ваучери.
- Засега можам да потврдам дека оваа година немаме планирано да им доделуваме компјутери на апсолвентите. Но, тоа не значи дека оваа одлука не може да се промени. Сепак, сега ситуацијата е таква - објаснува министерот Ивановски.
Минатите две години Владата, за да ја приближи информатичката технологија до студентите и да го зголеми бројот на компјутери во употреба меѓу граѓаните, во рамките на проектот „Македонија – земја на информатичари“, доделуваше вредносни бонови-ваучери во номинална вредност од 15.500 денари. Ваучерите беа наменети како директна финансиска помош при купување компјутери, а право на нив имаа редовни студенти, државјани на Македонија првпат запишани во завршна година на студии на кој било акредитиран факултет, како и сите студенти со специјални потреби.
Во 2008 година биле подигнати 10.266 ваучери од страна на студенти, од кои во продажните места биле реализирани 10.254 ваучери. Програмата за доделување вредносни бонови беше организирана во 2007 и во 2008 година, а вкупно се доделени 22.476 ваучери.
Извор: Време
Нема пари а? А има пари за споменици и такви глупости. Па што се овие апсолвенти помалку од тие лани???!!! Криза е за сите, не само за владата. Криза е и за апсолвентите, надевајќи се на ваучер сите се оставиле со стари компјутери. Епа не е фер. Или даваш на сите или не даваш на никој.
Е сега апсолвентите треба да се кренат, и онака нон стоп за нешто се протестира, само нешто се бара, сега треба и они да си побараат ваучер. Една петиција да се распише мислам дека ќе биде доволна.
Што мислите вие?