Оваа година нема ваучери за апсолвентите

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Кризата ги изеде ваучерите

Апсолвентите оваа година нема да добијат вредносни ваучери за набавка на компјутери, велат од Министерството за информатичко општество. Првиот човек на Министерството, Иво Ивановски, вели дека годинава најверојатно нема да се спроведува владината акција за доделување вредносни ваучери.
- Засега можам да потврдам дека оваа година немаме планирано да им доделуваме компјутери на апсолвентите. Но, тоа не значи дека оваа одлука не може да се промени. Сепак, сега ситуацијата е таква - објаснува министерот Ивановски.
Минатите две години Владата, за да ја приближи информатичката технологија до студентите и да го зголеми бројот на компјутери во употреба меѓу граѓаните, во рамките на проектот „Македонија – земја на информатичари“, доделуваше вредносни бонови-ваучери во номинална вредност од 15.500 денари. Ваучерите беа наменети како директна финансиска помош при купување компјутери, а право на нив имаа редовни студенти, државјани на Македонија првпат запишани во завршна година на студии на кој било акредитиран факултет, како и сите студенти со специјални потреби.
Во 2008 година биле подигнати 10.266 ваучери од страна на студенти, од кои во продажните места биле реализирани 10.254 ваучери. Програмата за доделување вредносни бонови беше организирана во 2007 и во 2008 година, а вкупно се доделени 22.476 ваучери.

Извор: Време

Нема пари а? А има пари за споменици и такви глупости. Па што се овие апсолвенти помалку од тие лани???!!! Криза е за сите, не само за владата. Криза е и за апсолвентите, надевајќи се на ваучер сите се оставиле со стари компјутери. Епа не е фер. Или даваш на сите или не даваш на никој.
Е сега апсолвентите треба да се кренат, и онака нон стоп за нешто се протестира, само нешто се бара, сега треба и они да си побараат ваучер. Една петиција да се распише мислам дека ќе биде доволна.
Што мислите вие?
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Е знаев дека вакво нешто ќе испадне... Не е фер, занигде испадна.... :uvo:
Промоција 2 години и после крати. А кризава им дојде како добра причина да прекратат... Али тоа е :toe:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Епа не треба да остане на тоа е ... петиција, протест, нешто да се направи па може ќе се смилуваат ... студентите во оваа држава се најнеискажани. Се прифаќаат како што ќе им се каже и никој за ништо не се буни ... тоа треба да се смени.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Значи поштено не зезнаа......очекував вакво нешто нормално зошто нема избори оваа година:tapp:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Епа не треба да остане на тоа е ... петиција, протест, нешто да се направи па може ќе се смилуваат ... студентите во оваа држава се најнеискажани. Се прифаќаат како што ќе им се каже и никој за ништо не се буни ... тоа треба да се смени.
Ова никогаш не било во склоп на високо образование и е всушност само подарок и додаток на студентите кои ке стигнат до апсолвентската година. Не им е ништо ускратено зашто не влага во првобитниот пакет услови на високо образовно студирање.
 
T

Tetro

Гостин
Ќе кратат, да им тииииит се женско да им тииииит, да им скратиме на пратениците од ланч-пакетите, ќе има за ваучери, ебати оросписки педерана и све најдолно:drk::drk::drk: останаф без зборови ТИИИИТ
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ова никогаш не било во склоп на високо образование и е всушност само подарок и додаток на студентите кои ке стигнат до апсолвентската година. Не им е ништо ускратено зашто не влага во првобитниот пакет услови на високо образовно студирање.
Па ја знам дека е само подарок и горе пишува дека одлуката може да се смени, а мислам дека ќе се смени само ако апсолвентите побараат т.е. ако се побунат малце.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ова никогаш не било во склоп на високо образование и е всушност само подарок и додаток на студентите кои ке стигнат до апсолвентската година. Не им е ништо ускратено зашто не влага во првобитниот пакет услови на високо образовно студирање.
зарем не е заслужено да добијат нешто како награда за нивната упорност и вложениот труд???
јас сметам дека треба да се крене петиција и ако треба неш помош викајте... :helou:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
зарем не е заслужено да добијат нешто како награда за нивната упорност и вложениот труд???
јас сметам дека треба да се крене петиција и ако треба неш помош викајте... :helou:
:pos: Бе луѓе тие се поклон. Не се протестира за работа која беше подарена. Со децении ништо не даваа па никој не се бунеше. Дадоа 2 години поклони и крај. Немаат пари или не им се дава. Нивно право. Тие даваат.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
:pos: Бе луѓе тие се поклон. Не се протестира за работа која беше подарена. Со децении ништо не даваа па никој не се бунеше. Дадоа 2 години поклони и крај. Немаат пари или не им се дава. Нивно право. Тие даваат.
Даваа и рекоа дека тоа ќе премине во традиција понатаму. Кога ќе стигнеш и ти апсолвент ќе видиме дали ќе се смееш па незнам дали биле поклон или не....:uvo:
 
G

Gray Foxx

Гостин
:pos: Бе луѓе тие се поклон. Не се протестира за работа која беше подарена. Со децении ништо не даваа па никој не се бунеше. Дадоа 2 години поклони и крај. Немаат пари или не им се дава. Нивно право. Тие даваат.
До негде си право, ама па и не си апсолвент да осетиш потреба да ти доат 250 евра плус за PC.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Е да, не си апсолвент и така збориш ... кога ќе ти дојде време и ти ќе речеш е зашо на тие им дадоа на нас не.
Не е фер!
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Е да, не си апсолвент и така збориш ... кога ќе ти дојде време и ти ќе речеш е зашо на тие им дадоа на нас не.
Не е фер!
Животот никогаш не е фер. Посебно за поклони од Влада. Get used to it.
 
D

drle

Гостин
Значи упм кој малер сум, стално кога ќе дојдам јас на ред да ќарам нешто од државава гратис го укинуваат. Е нема правда.:nerv:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
:pos: Бе луѓе тие се поклон. Не се протестира за работа која беше подарена. Со децении ништо не даваа па никој не се бунеше. Дадоа 2 години поклони и крај. Немаат пари или не им се дава. Нивно право. Тие даваат.
епа поарно ќе беше и да не почнеа ама како што викаш ти тоа е нивни избор така да треба да се навикнуваме на ова... кој ќарил нешто со здравје да си го служи кој неее:toe::toe::toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom