How to make a song?
Прво што ти треба
- Текст
- Ритам
- Студио
- Носач на звук(диск,винил,касета)
Ајде сега едно по друго
ТЕКСТ
Доколку песната не е инструментална треба текст. Текстот е еден вид почеток и крај на песната, преку текстот уствари им објаснуваш на тие што те слушаат што сакаш да кажеш ти или евентуално авторот на песната да каже преку тебе. Ако ти фаќа кликерот текст можеш да си напишеш сам, или па ако не ти фаќа ќе си платиш текстописец
РИТАМ
Одкако ќе биде напишан текстот следува нешто што ќе го прави текстот не монотон освен ако не снимаш акапела. Ритамот е енергијата на песната, помешан заедно со текстот прави еден тотална хамонија на целата таа песна. За правење на ритам(музика) за една песна потребен е композитор кој ќе ја напише песната, бент кој ќе ги претвори напишаните ноти во звук или некое бедно софтверче со веќе направени така наречени семплови кои се склопуваат и го прават ритамот
СТУДИО
Е тука паѓа сексот
Главната ствар за да имаш одлична песна е студиото т.е. опремата и луѓето кои што го работат студиото. Во денешно време имаш различити студиски простории во кои се снимаат различити видови песни. Во студиото се снима вокалот и ритамот посебно доколку нали ритамот треба да биде свирен од бенд. Одкако ќе се снимат, следува снимање на вокалот врз ритамот. Снимањето на вокалот се прави претежно на делови т.е. не се' во еден здив за да нема на секој два стиха земање воздух и така наречено угушување на вокалот. Одкако ќе се сними вокалот врз ритамот следува така наречениот мастеринг на вокалот т.е. повишување на одредени делови, сечење, лепење, бришење, чистење итн итн.....Одкако вокалот ќе биде среден следува средување на ритамот со вокалот заедно т.е. на целата песна и истите ствари од малце погоре се тука.
Во студиото се претежно сите на куп собрани текстописец, бенд тра ла ла ла ла...
НОСАЧ НА ЗВУК
За да песната може да ја слуша одредена група на луѓе индивидуи треба истата да се стави на нешто што се вика носач на звук. Дали тоа било CD или магнетофонска лента или лонгплејка е зависно од тоа колку кеш има пеачот