Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.211
- Поени од реакции
- 34.451
Citroen објави првични рендери од предниот дел и од силуетата на новиот автомобил што ќе излезе од нивните погони. Претпоставките се дека тоа е сериската верзија на концептот Metropolis и дека атрактивната лимузина ќе ја носи ознаката DS9.
Според сликите може да се заклучи дека станува збор за луксузен хечбек или за караван автомобил со големо меѓуоскино растојание. Предната маска и неговите димензии асоцираат на сериска верзија на концептот Metropolis што Citroen го претстави во Шангај во април 2010 година.
Metropolis e замислен како хибриден автомобил опремен со 2.0 литарски V6 бензински мотор со 272 коњски сили и електричен мотор што развива од 55 до 95 коњски сили. На мали брзини, возилото би требало да го користи само електричниот мотор, а во сите останати ситуации го користи бензинскиот агрегат.
Во ситуациите во кои е потребно да се искористи максимумот на автомобилот, би биле активни двата погонски агрегати.
Компанијата уште во октомври 2010 година потврди дека дава зелено светло за сериската верзија на луксузниот концепт, а наскоро ќе дознаеме дали овие рендери се најава за DS9. Автомобилскиот саем во Париз во септември би можел да биде дестинацијата на која ќе биде промовиран атрактивниот модел.
виа Кајгана