Не е воопшто преголем влог да жртвуваш пиуни кои ништо не ти значат за да избегнеш доживотна робија или бесење на плоштад.
Луѓето со моќ од ковот на Груевски и Мијалков жртвувале, жртвуваат и ќе жртвуваат пиуни за многу помали влогови.
Ме интересира од кои печурки правите чај, сите кои колективно си правите вакви филмови.
Целиот филм со “доживотна робија“ или “бесење на плоштад“ се далеку од секоја реалност во Македонија, знаејќи какви се криминали поминале и колку воени конфликти досега видовме, па пак ЕДНИ ИСТИ политичари беа редовно ре-избирани и кои и понатаму се нудат како опција.
Да се применеше досега твоето испорачување на правда, можеби досега ќе ја оправевме државата.
А капацитетот и интензитетот на досегашните протести, беше на многу пониско ниво од сите досегашни протести во нашата историја, за да си правите фантазерски спики како десетина студенти, десетина штребери и нивните мајки било ееево оолку блиску да променат нечија власт.
Е сега и теоријата и практичните примери од кај нас и странство не оставаат многу простор за фантазирање, освен ако не веруваш во теориите на заговор од типот 9/11 а Грујо наскоро се спрема за инвазија на Косово.
Како што реков, резултатот од 2001 не говори во полза на сегашнава власт, ниту на тогашнава со истата партија кога Грујо и Мијалков денес нели “моќници“ и креатори на меѓународни воени конфликти не биле истото својство.
Доколку употребеше друга логика, на сегашнава Власт потребно и како никогаш досега да покаже и докаже дека може подобро да се справи со целата ситуација, што значи што помалку жртви и поголеми оперативни успеси на безбедносните сили, со цел да го придобијат народот и да ја оправдаат позицијата.
Ви беше во неколку наврати објаснето да ги гледате настаните од поширок контекст, ви беа посочувани анализи и мислења на странци, но ако упорно сакате да се пењавите во партиската кратковидост никој не може да ви забрани(теоретски
), освен да се дистанцира од вашите мислења и да ве остави да ги водите темиве во интелектуален амбис.