Генералот беше еден од ректите, се бројат на прсти кои за ситуацијава објаснија скроз професионално и искрено. Затоа и го скратија гомната од Канал5, не им одговараше реалноста во пропагандната машинерија. Прашај кој било воен или полициски пензионер или човек што работел таму, одма ќе ти најде бројни замерки
Ненормално е толку полициски жртви да има и толку непрептазливо да се пристапи. Сега е нечовечки да збориме колку единиците се спремни во последно време. Ама дека некој мора да поднесе одговорност за загубените животи, дефинитивно, во нормална држава.
Смешни сте со одговорноста, а тоа многу едноставно можам да ти го објаснам зашто е тоа така.
Во Катлановско Блаце падна воен хеликоптер и животот го загубија 11 војници, учесници во мировна мисија во Босна, јавното обвинителство, она независното, во својот финален извештај излезе со заклучок дека они не биле доволно обучени за да управуваат со хеликоптер но притоа дека нема никаква основа за поведување на кривична постапка.
Е сега барај ја ти тука логиката, качиле 11 војници во хеликоптер и им рекле терајте накај Босна, нема везе што не знаете да управувате добро со хеликоптеров. За ова немаше никаква одговорност од одговорните, буквално никаква, и сега за ова викате дека некој треба да поднесе одговорност.
Сега ќе ти кажам кој треба да поднесе одговорност, ние, како Народ, ние сме одговорни и виновни што дозволивме ова да се случи, ние, ко народ сме виновни што до овој момент, како што известуваат медиумите, убение се 8 припадници на специјалните сили за безбедност, ние, ко народ, што дозволивме такви срања да ни поминуваат пред очи и што толкав луксуз им оставаме и простор за играње држава на властите, ние сме виновни и криви за ова што ни се случува. 8 луѓе, абе уште не ми се верува дека ова е вистина, сабајле се будам и ми требаше време да сватам дека вчерашниот ден навистина се случи.