Ноќна фотографија (ваши дела)

  • Креатор на темата Креатор на темата Junior
  • Време на започнување Време на започнување
За малце ќе си настрадав кога ја сликав сликава. Без причина ми се развика еден од луѓето што се на сликава. :)
0JOI2bw.jpg
 
Технички исправна фотка, имаш и симетрија, фино, фино... единствено нешто што недостасува овојпат е ЕДЕН субјект на кој ќе се насочи вниманието на оној кој ја гледа оваа фотографија, тука имаш, едноставно многу нешта. Продолжи со добрата работа, practice makes perfect ;)
 
Кога ја правев фоткава, несакав да го насочам вниманието кон само еден субјект. Целта ми беше да го фотнам мостот заедно со неговите светла бидејќи ми изгледаше доста убаво. Нешто како street photography ама наместо street-от тука има мост :)
Како и да е, фала ти на критиката. I'm just an amateur :)
 
Хммм... јас како би играл... ако имаш статив, стави го апаратот на статив и гарант луѓето ќе ти искочат ко духови додека некои ќе останат на место, ќе испадне мошне поефективна фотка (шат'р спид 30 секунди), или коа има помалку гужва :) Така ќе избегнеш и идиЈоти кои неќат да бидат на фотографии.
 
Добра ти е идеата. Имам дома статив ама јас сум мрза светска и скоро никогаш не го носам стативот со себе. Иначе навистина е многу јак ефектот ако ја направиш експозицијата долга 30 секунди. Уште поинтересно е ако го направиш тој ефект преку ден со ND filter, ама за жал мојов апарат не е ДСЛР и неможам да стаам таков филтер и да сакам.

Eве еден многу јак пример на долго-експозициска слика. Типов проаѓаше со трепкачко светло на велосипедот и си помислив дека ке е добра идеа ако го сликам. Не се покајав што го сликав. Се изненадив кога видов како испадна фотката.
Q9HFVbe.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom