Мој совет, е да му дадат увид во изводи, банкарска сметка (состојба), книговодство итн, да разгледа ситуација (да направи проценка). А ако има сомнително нешто сигурно нема да му дозволат, или ако дозволат ќе се запримети (ако има долгови, побарувања итн). Ако е се во ред, и ако идејата е само да се продолжи бизнисот, и ако има взаемна доверба, може да го превземе, со тоа што да си биде свесен дека од моментот кога го зема, тој е главен, и не смее да биде марионета. Односно, по договор со газдите, ако се работи легално, и тој ќе си зема плата и газдите ќе си имаат профит. Значи, тој за платата ќе им го тера бизнисот, а тие ќе го сркаат медот. Но секое неправилно работење и последиците (од разни инспекции, контроли итн) ги сноси тој, како одговорен на правното лице.