Ножеви

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Ќе пробам со шмригла, само има ли искусни овде да објанат како се добива добра острица?
Имам изгубено доста време во објаснување и барање видеа за острење. Најди малку време и побарај по темава, ќе најдеш тоа што те интересира, веројатно и повеќе одколку што очекуваш. Ако секој еден бара едно па исто а веќе е објаснето, тогаш нешто е чудно.
И ако сакаш конкретен одговор кажи како е острен ножот.
 
Последно уредено:

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850

Ако е hollow grind да го фрли? :D
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Ако сака да има неефикасен нож нека го чува:).
 
cesma

Finest Сasual Dating - Actual Girls
Член од
20 ноември 2014
Мислења
166
Поени од реакции
100
Их ама сте лоши :) конкавни ножеви сечат турбо ама не се за тешка работа во дрво или бетер. За тоа сканди и конвекс.
Околу острење на шмиргла. На тјуб има куп видеа на темата. Барај sandpaper sharpening и гледај се што ќе најдеш ☺
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Не дека не ги бива, едноставно се една од најлошите варијанти.... Заедно со едностраното брусење и дебелиот конвекс.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Не дека не ги бива, едноставно се една од најлошите варијанти.... Заедно со едностраното брусење и дебелиот конвекс.
Сум неѓал проблрм со едностраното острење на мојот Вик. флорист. Многу сум задоволен од тоа ноже иако е еднострано наострено. Сепак кога го острам, го острам од двете страни, барем половината милиметар од сечилото да биде конвексно.
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Еднострано острените ножеви при прав долг рез (во кашкавал, картон или такво нешто), забегуваат на едната страна, таква им е геометријата (нешто како овионско крило). Тоа што му даваш благ конвекс од другата страна е практично, но сепак нема иста контрола како стандардните остења.
 
cesma

Finest Сasual Dating - Actual Girls
Член од
20 ноември 2014
Мислења
166
Поени од реакции
100
Инак да прашам за овие аутоматик што се, дали се легнални кај нас?
http://www.bladehq.com/cat--Side-Opening-Automatics--40
Абе во законот има многу малку околу ладно оружје. Ништо не дефинира освен дека несмее да се носи на јавни места. Не дефинира ни што е ладно оружје дали е нож, хебла или буздоган, а камоли варијации на тема. Е сеа што тоа значи... господ знае...
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Абе во законот има многу малку околу ладно оружје. Ништо не дефинира освен дека несмее да се носи на јавни места. Не дефинира ни што е ладно оружје дали е нож, хебла или буздоган, а камоли варијации на тема. Е сеа што тоа значи... господ знае...
Еее колку :гомце::гомце: имам изедене во врска со тоа и на форумов и во реалноста... И пак ништо не дознав.
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Абе во законот има многу малку околу ладно оружје. Ништо не дефинира освен дека несмее да се носи на јавни места. Нкое дефинира ни што е ладно оружје дали е нож, хебла или буздоган, а камоли варијации на тема. Е сеа што тоа значи... господ знае...
Ова сериозно неможе да се носи на јавни места?

Што ако некогаш во 1-2 часот на полноќ ми текне да излезам а за сигурност сакам да си го понесам и со мене? И отеднаш ми излезат некој манијаци ретардирани...
А што ќе биде ако ме фанат со џебен нож на јавно место? Сигурно ќе си направат филмови...

Имам заклучок дека во оваа ЕБЕНА држава ако те нападнат дома да те крадат и ако се одбраниш па ќе бидеш КРИВ !

Инаку кога веќе зборат за ладно одужје и иглата може да се смета, и клешта, и шрафцигер и што уште не... Ако сака психопат да убива тогаш ништо не би го спречело. Ако нема со што тогаш ќе најде начин што и да било макар и јаже.

Според мене ножот не е ЛАДНО ОРУЖЈЕ тој е функционален за многу работи. Ако е така тие ножеви што ги имам во кујната сечат како пила и што? Излгеда треба да ги фрлам пошто нели оружје е...
 
Леле аман друже, значи сто, илјада, милион пати го имам истиов муавет правено, џабе е, јас си носам се мене 2+ ножа секогаш и во секое време и не се замарам... И тоа го имам сто пати кажано. Ти носи си, само гледај да не приближуваш до групни тепачки, јавни собири и слично каде што е огромна можноста да те начекат и да ти направат ПРЕГЛЕД (претрес е сосем друго).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom