Новите такси цени

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Откако поскапе такси превозот, такси користите:


  • Вкупно гласачи
    904
I

Iblis

Гостин
Да живееш во Ѓорче, во последно време, значи дека не се возиш со такси. Премногу се скапи. Од Центар знае и до 300 денари да ми земе. Со тие пари можам 10 пати да се возам во автобус на пример или 3 кеца со попуст преку другар. Што е многу - многу е.
Башка трите кеца ако се погодат, има да леташ долго и надалеку :ROFLMAO:
Како ме издишија, она што го плаќав 60 ми го наплатиа 120, (Дебар Маало- Факултети) од тогаш такси ЈОК
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас коа бев последен пат во ск, ми вика еден 50 ден е сеа стартот а после видов оти не бил 50 туку 40, валјда мислеше дека голем криминал е 10 денари да надземиш:)
И си платив 111 денари за релација за која плаќав 50 денари стандард
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
Има гага и многу посигурна опција од такси. Пр: ти кидне навечер последниот бус и си почињаш да шпарташ по улици, и у случар приметуваш џандари со кола застанати негде или да поминуваат по улица и поштено ги застануваш, им објаснуваш дека ти избегал бусот и неможеш да идеш пешки па ги замолуваш да те однесат до дома, а пошо тоа им е нив должност (да помагаат на луѓе во невоља) мораат да те однесат :D и проблемот е решен ;)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Се чудам како воопшто им се исплати на таксистиве да работат.
Кај Бисер е постојано полно од таксисти кои чекаат саати за неколку патници.
Мислам дека за неколку месеци оние кои што работеа како таксисти ќе се откажат од таа работа, бидејќи народот и онака нема пари за јадење, а не па да плаќаат 2 кмм 100 денари.
И не само што влијаат цениве на домашниот буџет, туку влијаат и на социјализација меѓу луѓето.
Така да ако порано се одело за 200 денари, одење и враќање на два пати кај другарка, сега ќе одиш еднаш и тоа два пати ќе размислиш дали ќе ги дадеш парите за такси. На многу тоа им е пола дневница, па и повеќе.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пешки одам Скопје е, не е Лондон.

Или со кола :D.
--- надополнето: Jun 3, 2011 12:21 PM ---
Јас не знам како може во пазарно стопанство да се договара монопол, порано кога се договараа пекарите за цената на лебот нели не беше дозволено, а за таксито може договор.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Еднаш ми текнува со дедо ми од Скопје до Кочани со такси,и само 100 денари плативме....еее беа тоа времиња.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не влегувајте во такси без портокалова етикета

Сите коли со извадени лиценци за превоз добија налепници, а деновиве се очекува да добијат и бесплатни табли, најавија од Градот
Почна бележењето на легалните такси-возила. Сите коли со извадени лиценци за превоз се излепени со портокалови етикети, кои најчесто се ставаат на задниот дел од колите. Такси-возилата кои ја немаат налепницата, предупредуваат од Градот, се нелегални.
Акцијата за означување на такси-возилата е дел од новата одлука за таксито во градот, која беше донесена пред неколку месеци, а согласно која треба да се унифицираат сите такси-превозници.
"Започнавме со доделувањето на налепниците за такси-возила, а деновиве планираме да ги информираме и граѓаните за новите ознаки, како и да им ја објасниме постапката на обележување на колите на таксистите што сè уште не го сториле тоа. Следна активност е делењето бесплатни табли", изјавија од Град Скопје.
Согласно новата одлука, такси-возилата треба да се обојат во бело -жолта боја. На таблите не смее да стои името на компанијата туку само ознаката такси. Името на такси-компанијата не смее да биде напишано никаде на возилото туку само да стои бројот на возилото.
Цената на таксито неодамна скокна дупло, односно стартот се
наплаќа 20 денари поскапо од претходно, а за секој изминат километар се плаќаат по 25 денари. (М.Ѓ.
 

ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
Само со автобусот (y) такси јок
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Старт позади Романска амбасада дестинација Саем, 120 денари многу е?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
КОЦЕ БАРА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ :mad::mad:ЗА СРЕДУВАЊЕ НА ХАОСОТ ВО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DA7319E9889D79468CE1354FEF1119F9

поддршка ќе добие АКО ги врати старите цени - вака му останува само да моли
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Новите таксиметри функционираат така што на кратки релации цената многу се осеќа драстично ! Додека на подалеки е 20 денари разлика. Иначе викајте си ги Волт 15174 ;) По стара цена возат, и не со попусти па да ти излезе стара, туку сеуште се со стари таксиметри :) Нема на чему :D
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Новите таксиметри функционираат така што на кратки релации цената многу се осеќа драстично ! Додека на подалеки е 20 денари разлика. Иначе викајте си ги Волт 15174 ;) По стара цена возат, и не со попусти па да ти излезе стара, туку сеуште се со стари таксиметри :) Нема на чему :D
Може да се врти на тој број од мобилен?
 

TheFrisb

(Астроном)
Член од
5 јуни 2011
Мислења
246
Поени од реакции
80
Никогаш не сум го користил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom