Новитети

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Во оваа тема може да ги пишувате сите новитети во врска со мобилните


Финската компанија „Нокиа” го претстави најновиот модел на мобилен телефон „Нокиа 8600 Луна”, со единствен дизајн, направен од стакло и нерѓосувачки челик.

Додека телефонот ѕвони, светлина полека пулсира под стаклото на тастатурата, што создава мистериозна аура


.


Телефонот го доби името по божицата на месечината Луна, која старите Римјани ја доживуваа како мистична.

Според потпретседателот на компанијата Хеики Норта, во креирањето на новиот телефон се вложени огромни напори да се постигне мазност на стаклото на предната страна на телефонот, топлината на нерѓосувачкиот челик додека се држи во рака, како и извонредната чувствителност на тастатурата.

На овој модел прв пат е употребен единечен микро УСБ, што овозможува не само аеродинамичен дизајн, ослободен од премногу вдлабнатини, туку и беспрекорно функционирање на активностите, како што се полнење, аудио поврзаноста и можноста за поврзување на податоците во единствена мрежа.

Новиот телефон ќе биде достапен на пазарот по цена од 700 евра.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Уште од сега другарите ној недорастени лиги пуштаја по нобиот Порше мобилен , Порше и Сагем го имат изработено , нормално со камера 3,2 мегапиксели , мп плејер и дисплејот се вртел 180 степени . папа па.Уште една играчка за недорастените момци
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
а да се отвори подфорумче каде ке се отвара тема за секој новитет???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom