Новинарството во Македонија

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Што се однесува до судските процеси против новинарите обвинети за клевета и неточни изјави, не знам кој е проблемот?

Сепак, ако си новинар не ти дава за право да пишуваш невистини.

Никој од вас, сигурна сум, не би сакал да биде клеветен.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Toa i jas go rekov.Sto se novinarite beli mecki?Barem da bea nezavisni novinari pa ajde da receme da gi stitime ama ovie mivki-novinari?Koj od niv mu se sporitstavil na svojot gazda? Koj pridonel nesto za makedonija?
 
Член од
23 ноември 2005
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ида би ја затворила засекогаш. Девојчево има проблем со себе.
За останатите немам коментар.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
yin yang напиша:
Сепак, ако си новинар не ти дава за право да пишуваш невистини.

Никој од вас, сигурна сум, не би сакал да биде клеветен.
Точно, треба да се казнуват новинарите кои јавно изнесуваат лаги али мислам дека затворски казни е малку превише. многу полесно ќе се дисциплинират со повисоки парични казни
 
Член од
18 ноември 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
Едно прашање и неколку забелешки до новинарите од електронските медиуми:

-зошто пеете додека ги читате вестите?
-дикцијата ви е катастрофална! Зборувајте нормален Македонски јазик;
-поради бојата на гласот секоја вест што ја пренесувате звучи like s.h.i.t иако вие се обидувате да ја направите сензационална;
-и на крај, ве молам не го злоупотребувајте вашето работно место.

Пред некој ден во иста вечер сите телевизии имаа отворени емисии( кои по тежина беа петпарачки) во кои гости беа “обесправените новинари“. Темата,натурлих, беше дали новинарите треба да одговаарт пред законот ако изнесат непроверени вести и блаблаблабла........не е битно. Поентата е следна: исто како и вас и другите еснафи,занаетчии,доктори,рудари,правници,трговци,ЗЕМЈОДЕЛЦИ, сите на некој начин доживуваат неправди,кои,и тоа како, се важни за нивниот еснаф, занив самите, за нивните семејства... Но за разлика од вас, сите тие немаат каде јавно да се произнесат. Затоа апелирам до вас: не не замарајте со вашите проблеми, си имаме доволно и наши за кои вие многу малку сте заинтересирани.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Во Македонија има медиуми но нема новинари. Барем не новинари кои се вистински професионалци во својата професија.Значи, нема новинарство во основа, за независно новинарство да не праиме муабет. А ако се прашува некој зошто, ќе ви објаснам со еден едноставен пример. Приватните ТВ станици, барем поголемиот дел или оние кои зрачат програма на целата територија на Македонија се во нечија сопственост.На пример, Сител е на Ѕинго, а знаеме на која партија е тој челник. Канал 5 е на Борис стојменов, а и тој е на чело на политичка партија. Телма е на „Макпетрол”, а знаеме која партија има најголемо влијание таму. А-1 е на Велија Рамковски кој во исто време е и газда на Уни Проком, а токму власта е онаа со која тој не смее да се замери ако не сака секој ден инспекции во своите магацини.Тоа е со телевизиите, а состојбата ниту со весниците не е многу поразлична. Се додека на која било власт во оваа земја примарна задача ке и биде добивање наклоност или остварување влијание врз медиумите, се до тогаш во Македонија нема да има новинарство.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
SLaCk напиша:
Toa i jas go rekov.Sto se novinarite beli mecki?Barem da bea nezavisni novinari pa ajde da receme da gi stitime ama ovie mivki-novinari?Koj od niv mu se sporitstavil na svojot gazda? Koj pridonel nesto za makedonija?
-Гордана Стошиќ! Пиејќи кафе со српските агенти и кикотекјки се во кафеанчето во Св.Прохор Пчински додека српската полиција ги тепаше душмански Македонците кои дојдоа таму да го прослават Илинден пред 15-тина години.
Не се забораваат некои работи, никогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom