Во Македонија има медиуми но нема новинари. Барем не новинари кои се вистински професионалци во својата професија.Значи, нема новинарство во основа, за независно новинарство да не праиме муабет. А ако се прашува некој зошто, ќе ви објаснам со еден едноставен пример. Приватните ТВ станици, барем поголемиот дел или оние кои зрачат програма на целата територија на Македонија се во нечија сопственост.На пример, Сител е на Ѕинго, а знаеме на која партија е тој челник. Канал 5 е на Борис стојменов, а и тој е на чело на политичка партија. Телма е на „Макпетрол”, а знаеме која партија има најголемо влијание таму. А-1 е на Велија Рамковски кој во исто време е и газда на Уни Проком, а токму власта е онаа со која тој не смее да се замери ако не сака секој ден инспекции во своите магацини.Тоа е со телевизиите, а состојбата ниту со весниците не е многу поразлична. Се додека на која било власт во оваа земја примарна задача ке и биде добивање наклоност или остварување влијание врз медиумите, се до тогаш во Македонија нема да има новинарство.