Џабе..поентата во NFS серијалот беше играчите да си ги прават колите по нивен избор..одкако фатија тие Criterion со Hot Pursuit,тргнаа и Customization и Free Roam и све..ќе видиме ако откријат некои детаљи понатаму,што не верувам..
Целосната поента на Need for Speed серијалот никогаш не била да прават коли за улични трки.
Тој период беше во Underground, а предтоа NFS беше за суперколи и трки по прекрасни пејсажи. Со петката се излетаа малце во симулациските и реалните води (Porsche Unleashed), па фураа андергроунд за тој стил да еволуира во Most Wanted тркања против полицијата. Дотука беше океј.
После тоа го еволуираа стилот во Pro Street, односно нема полиција и нема андерграунд едитирања. Па се вратија на Most Wanted стил, но неуспешно, па фураа со The Run и Hot Pursuit.
Само не знам кој им е филмот на Criterion, ова им е втора преработка на веќе постоечки наслов во сосема друга насока. Јас како голем фан на Most Wanted играта, не ми е сеедно што нема Блеклиста и колите се рокаат со еден удар, односно ми ја упропастија играта. Сигурно слично се чуствуваат и другите фанови.
Исто беше и со Hot Pursuit, да играш како цајкан, жими мајка...
Значи ако веќе прават reboot, нека биде верно на корените. Ако не се верни, не знам зашто го користат старото име - ќе ги одбијат старите фанови, а на новите копиљаци воопшто нема да им биде битно дали се викала Most Wanted или NFS: The Breakdown...
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 11:02 ---
Незнам како можете уште да ги играте овие срања од игри. Последна што ја играв беше NFS Undercover иако и таа не беше нешто посебно.
The Run ја свртев само зашто ми беше мерак на force feedback волан и имаше океј графика, иначе е една од најлошите тркачки игри. Ако сакате вистински андреналиски филинг - кој не ја играл Split/Second, нека прекине да чита и нека ја сврти одма!
Дааалеку боље од последните 5 Need for Speed заедно!