Steus, мене ми се чини дека златото и среброто паднава летниов период, така барем слушнав, затоа што падна побарувачката во Индија - најголемиот потрошувач на злато и сребро (летно време не правеле свадби)....а не поради фрката во Грција или некои други ЕУ земји кои кубурат со презадолжување. Сосема обратно е, оваа причина како и слабиот Долар за растот на племенитите метаали, а стабилизација на Доларот и решавање на должничката криза во некои држави на ЕУ можат да придонесат за пад или минимален раст на златото и среброто.... Ако не се лажам цените на племенитите почнава да дивеат 3-4 години наназад почнувајки со кризата од 2008-ма од кога златото поскапува по 20-30% годишно!
Втора работа ги читаше ли постовите на Томи (Томсасо) за тоа дали треба да се купува физичко злато или цертификати!? Тој изнесе теза дека (фјучерси ли се тоа) сертификати за поседување на злато имало барем 50% повеќе отколку што светов има физичко злато дури и повеќе од предвидените резерви на злато!? Што мислиш за тоа? Побарај ги неговите пишувања на таа тема.... Да не испадне боооооом на балонот наречен: ‘‘злато на хартија, признаница‘‘ (сертификат).... Како да се купи физичко злато. без да се плати данок од 18% и високи провизии на посредникот 3-4% !? Колку е сега златото? 1600-1700 унцата? (Не следам)..... BTW кога веќе спомнав, каде ни е Томсасо? Се изгуби сосема! Се врати ли тој од Америка? Знае ли некој? Томи јави се.... и спасувај не....ВО ШТО ДА ВЛОЖУВАМЕ!? Физичко злато, сребро, платина?....акции во рудници кои експлоатираат племенити метали.... кинеска валута..... недвижнина овдека (како што вели Корка).... можеби недвижнина во Албанија, Бугарија на море!?... Евтини акции на нашава берза - Како што вика Христијан Стојчевски (слично како Стефус): добра шанса да се купи евтино!
Само што овој секој петок на вестите на Алфа го повторува истото со недели, со месеци!