Растани - реалист или измамник?
Глобалната банкарска групација „Голдман Сакс“ управува со светот и еврозоната е осудена на пропаст, изјави независниот брокер Алесио Растани во интервју за Би-Би-Си.
- Моментно не е време за посакуваните мислења дека владите ќе најдат решение, изјави Растани истакнувајќи дека со светот не управуваат владите, туку дека „Голдман Сакс“ владее со светот.
На крајот од интервјуто Растани ги предупредува гледачите да бидат „подготвени“ за помалку од една година на неизбежниот резултат. - Заштедите на милиони луѓе ќе ги снема за помалку од една година и затоа спасувајте се што имате во банките, нагласи тој.
Економската криза е слична на ракот, доколку само чекате и чекате, мислејќи дека ќе исчезне, таа како тумор ќе расте и тогаш ќе биде доцна, истакна Растани.
Сепак, колапсот ќе биде добра вест за брокерите кои, според него, единствено ги интересира како да заработат на падот на светските берзи.
- Поголем дел од брокерите не ги интересира економијата да биде ставена во ред и да се среди ситуацијата. Наша работа е да правиме пари од такви несредени ситуации и да заработиме на падот на светската економија, изјави Растани.
- Јас лично веќе три години сонувам за ваков момент. Секоја ноќ одам во кревет и сонувам уште една рецесија, искрено изјави тој, нагласувјаќи дека брокерите не се единствените кои ќе имаат корист од кризата.
Кога пазарите ќе доживеат пад, доколку знаете што треба да направите, ако имате вистински план, од тоа можете да заработите многу пари, нагласи Растани.
По објавувањето на интервјуто на „Твитер“ се појави сомнеж кај гледачите за кредибилитетот на Алесио Растани, но Би-Би-Си потврди дека не станува збор за никаков измамник.
- Спроведовме детална проверка и не најдовме никаков доказ кој би потврдил дека цел на ова интервју е да се измамат гледачите, соопшти Би-Би-Си.
Растани на својата интернет-страница наведува дека е искусен брокер на пазарот на акции и професионален говорник.
#