Нова концертна сала на Македонската Филхармонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ќе се гради концертна сала на Македонската Филхармонија


Македонската Филхармонија конечно со концертна сала. Од околу 20-тина пристигнати проекти, првата награда му е доделена на Виктор Михајлов, кој измината година и пол е со проекти за изградба на националната опера во Белград и Турскиот театар во Скопје.

Архитектонското решение на Михајлов е уникатен објект со современ изглед, проект кој ги задоволува функционалните барања на Македонската Филхармонија, работен со акцент на акустиката.


nova-koncertna-sala.jpg


„Концепциски е замислен како објект кој ќе опфаќа повеќе типови на музика, значи голема симфониска концертна дворана со околу 1.000, 1.100 седишта, наменета за класична музика и мала концертна дворана до 300 седишта за експериментални типови на музика, етно, џез, техно“, изјави Виктор Михајлов.


За уметниците со концертната сала конечно ќе се реши едно од круцијалните прашања, достоинствено да ги изразат своите квалитети, но и без срам од гостување на познати светски уметници.
„Мене, сега вака од прв поглед, ми се чини дека ова е најдобро и се вклопува во академија и опера до него и имаме некои забелешки за внатрешноста, можеби таму треба нешто, меѓутоа тоа е победникот“, рече Ана Котраденко, концерт мајстор.


Новата концертна сала ќе биде сместена меѓу Македонската опера и Средното музичко училиште. Ќе се почне со изградба во април наредната година, со тенденција да биде завршена во 2009-та.
Министерството за култура само за оваа година за овој проект одвоила 50 милиони денари.



Извор
---------------------------------------------------------
Секоја чест за младите перспективни градители кои работаат, се борат и изборуваат за својата шанса да го покажат и докажат квалитетот на современата архитектонска визија. Виктор, браво :)
 
Не е битно како ќе изгледа од надвор...туку каква акустика ќе направат да има внатре.
 
Мене ми изгледа сосема просечно за концертна сала, солидно за аеродром, железница ама за таква градба -- уел не ми делува место за "уметници". Имаше прекрасни странски проекти во конкурсот, така да, ме чуди што овој доби најпофални зборови и ќе се гради. Да не зборам за многу нестручната 'рецензија' во каталогот . Кажува како објектот наводно ги разбива сивилата околу, а всушност околу него е бело, а самиот објект е сив. :pos:

Место да дадат некој вистински аргумент поетски исто така кажуваат како исто во музиката што е важна хармонијата, играта во просторот на проектот е совршена, само како што може Михајлов да го направи. Уау. Напишете поема следен пат. Со рима! :P Инаку дефинитивно имаше најдобра презентација, добар фотошоп, шминка. За тоа капа му симнувам, изгледа на фотографиите ко да стварно има таму објект. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom