Нобелова награда за книжевност

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Јас се убив од барање, и ваква тема не најдов. Веројатно модераторите мислеле дека нема што да се коментира во неа, па не ја ни отвориле. До душа, има 2 теми за конкретни доделувања на наградата кога добитници беа Харолд Пинтер и Боб Дилан (од кои првата кантирана). Но со оглед на тоа што последниве години наградата ја следат бројни скандали, мислам дека има што да се коментира, за жал дури и за оние кои не го сакаат мирисот (и вкусот) на книгите.

Да почнеме од почеток...

Нобеловата награда за книжевност (Nobelpriset i litteratur) е шведска книжевна награда која се доделува годишно на автор од било која држава во светот кој во светот на литературата произвел дела со исклучителен квалитет. Наградата не се доделува за конкретно дело (иако понекогаш конкретни дела се цитирани од комитетот), туку за цел книжевен опус. На почетокот на октомври секоја година, Шведската академија одлучува кој ќе ја добие наградата. Таа е една од петте награди кои во својот тестамент во 1895 ги востановил шведскиот индустријалец Алфред Нобел.

Е сега, до вториот дел, со скандалите - иако Нобеловата награда за книжевност се смета за најпрестижна светска книжевна награда, сепак, Шведската академја е подложна на постојана критика за некои нивни избори. Многу автори кои ја добиле наградата, едвај напишале нешто вредно отпосле, додека други, кои биле одбиени од жирито, напишале врвни уметнички дела кои и ден денес се препрочитуваат и проучуваат. Многумина ја сметаат наградата за пандан на Нобеловата награда за мир, или поточно, дека е политички мотивирана. Многу контраверзии предизвика и доделувањето на Боб Дилан во 2016, многумина сметајќи дека не е достоен за неа, и дека тој впрочем и не е поет, туку музичар, но и дека многумина навистина вредни поети не ја добиле, наспроти него, за кој дискутабилно е дали воопшто е поет. Но некако спласна оговарањето, веројатно затоа што годинава изби уште поголем скандал во рамки на Академијата, поточно - секс скандал, по кој Академијата се распушти и годинава наградата нема да биде доделена. За тоа - подолу.

Во продолжение, еве ги сите лауреати на Нобеловата награда за книжевност (во заграда се нивните позначајни дела или некои кои нам ни се попознати - најчесто на прозаистите и драмските автори, како и други забелешки за некои автори):

1901 - Sully Prudhomme - Франција - поезија, есеи
1902 - Theodor Mommsen - Германија - историја, право
1903 - Bjørnstjerne Bjørnson - Норвешка - поезија, роман, драма (норвешката национална химна)
1904 - Frédéric Mistral - Франција - поезија, филологија
1904 - José Echegaray - Шпанија - драма („Светец или лудак“, „Маријана“, „Лудиот Бог“)
1905 - Henryk Sienkiewicz - Полска - роман („Quo Vadis“)
1906 - Giosuè Carducci - Италија - поезија
1907 - Rudyard Kipling - В.Британија - роман, краток расказ, поезија („Книга за џунглата“, „Ким“)
1908 - Rudolf Christoph Eucken - Германија - филозофија
1909 - Selma Lagerlöf - Шведска - роман, краток расказ („Прекрасното патување на Нилс Холгерсон“, „Сагата за Јоста Берлинг“)
1910 - Paul von Heyse - Германија - поезија, драма, роман, краток расказ
1911 - Maurice Maeterlinck - Белгија - драма, поезија, есеи (неговата поезија е значаен дел од симболистичкото движење)
1912 - Gerhart Hauptmann - Германија - драма, роман (приврзаник на Натурализмот, близок по уверувањата до Нацистите)
1913 - Rabindranath Tagore - Индија - поезија, роман, драма, краток расказ, музика („Градинарот“)
1915 - Romain Rolland - Франција - роман („Жан Кристоф“) (Херман Хесе го посветил романот „Сидарта“ на „мојот добар пријател“)
1916 - Verner von Heidenstam - Шведска - поезија, роман
1917 - Karl Adolph Gjellerup - Данска - поезија
1917 - Henrik Pontoppidan - Данска - роман
1919 - Carl Spitteler - Швајцарија - поезија
1920 - Knut Hamsun - Норвешка - роман („Глад“, „Мистерии“, „Пан“, „Викторија“...) (пионер на психолошкиот роман, со техники како „тек на свеста“ и „внатрешен монолог“, влијаел и бил инспирација на Ман, Кафка, Горки, Милер, Хесе, Хемингвеј... Сингер го нарекол - „татко на модерната литература, во секој поглед“)
1921 - Anatole France - Франција - роман, поезија („Револтот на ангелите“, „Островот на пингвините“)
1922 - Jacinto Benavente - Шпанија - драма („Нељубената жена“)
1923 - William Butler Yeats - Ирска - поезија
1924 - Władysław Reymont - Полска - роман („Селани“)
1925 - George Bernard Shaw - Ирска - драма, книжевна критика
1926 - Grazia Deledda - Италија - поезија, роман
1927 - Henri Bergson - Франција - филозофија
1928 - Sigrid Undset - Норвешка - роман („Кристин Лавансдатер“)
1929 - Thomas Mann - Германија - роман, краток расказ, есеи („Буденброкови“ - спомнат од Академијата како првенствено заслужен за добивање на наградата, „Волшебниот рид“, „Смрт во Венеција“, „Лота во Вајмар“, „Доктор Фаустус“) (Ман е инспирација за бројни автори, како Бел, Хелер, Мишима, Памук...)
1930 - Sinclair Lewis - САД - роман, краток расказ, драма („Главна улица“, „Бабит“)
1931 - Erik Axel Karlfeldt - Шведска - поезија
1932 - John Galsworthy - Велика Британија - роман („Сага за Форсајтови“, „Модерна комедија“, „Крај на поглавјето“)
1933 - Ivan Bunin - Франција/Русија - краток расказ, поезија, роман („Село“, „Сувата долина“, „Темни алеи“, „Проклети денови“)
1934 - Luigi Pirandello - Италија - драма, роман, краток расказ („Шест ликови во потрага по автор“)
1936 - Eugene O'Neill - САД - драма („Долгото патување на денот кон ноќта“)
1937 - Roger Martin du Gard - Франција - роман („Тиболтови“)
1938 - Pearl S. Buck - САД - роман, биографија („Мајка“, „Добра земја“, „Писмо од Пекинг“, „Портрет од бракот“) (позната како голем борец за правата на жените)
1939 - Frans Eemil Sillanpää - Финска - роман
1944 - Johannes Vilhelm Jensen - Данска - роман, краток расказ
1945 - Gabriela Mistral - Чиле - поезија („Сонети за смртта“)
1946 - Hermann Hesse - Швајцарија/Германија - роман, поезија („Демијан“, „Степскиот волк“, „Сидарта“, „Игра со стаклени перли“) (карактеристичен е по индивидуалната потрага по автентичност, себе-спознавање и спиритуалнот)
1947 - André Gide - Франција - роман, есеи („Коридон“ - книга со 4 дијалози во стил на Сократ со одбрана за хомосексуалноста. Го сметаат за еден од првите борци за „правата“ на хомосексуалците)
1948 - T. S. Eliot - В.Британија/САД - поезија („Убиство во катедралата“)
1949 - William Faulkner - САД - роман, краток расказ („Врева и бес“ - Modern Library го смета за 6-ти најдобар роман на англиски јазик во 20 век. Два негови романи имаат освоено Пулицерова награда за литература)
1950 - Bertrand Russell - В.Британија - филозофија
1951 - Pär Lagerkvist - Шведска - поезија, роман, краток расказ, драма
1952 - François Mauriac - Франција - роман, краток расказ
1953 - Winston Churchill - Велика Британија - историја, есеи, мемоари (веројатно попознат како Премиер на В.Британија)
1954 - Ernest Hemingway - САД - роман, расказ, сценарио - („Збогум на оружјето“, „За кого бијат камбаните“, „Старецот и морето“)
1955 - Halldór Laxness - Исланд - роман, краток расказ, драма, поезија („Атомска станица“, „Рајот што беше повторно најден“)
1956 - Juan Ramón Jiménez - Шпанија - поезија („Сребре и јас“)
1957 - Albert Camus - Франција/Алжир - роман, краток расказ, драма, филозофија, есеи („Странецот“, „Чума“, „Падот“) (познат по својата филозофија на апсурдот)
1958 - Boris Pasternak - Советски Сојуз - роман, поезија, превод („Доктор Живаго“)
1959 - Salvatore Quasimodo - Италија - поезија
1960 - Saint-John Perse - Франција - поезија
1961 - Ivo Andrić - Југославија - роман, краток расказ („Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Проклета авлија“)
1962 - John Steinbeck - САД - роман, краток расказ, сценарио („Источно од рајот“, „Глувци и луѓе“, „Црвеното пони“, „Плодови на гневот“ - освојувач на Пулицерова награда)
1963 - Giorgos Seferis - Грција - поезија, есеи, мемоари
1964 - Jean-Paul Sartre - Франција - роман, филозофија, драма, книжевна критика, сценарио
1965 - Mikhail Sholokhov - Советски сојуз - роман („Донски раскази“, „Тихиот Дон“, „Судбината на човекот“)
1966 - Shmuel Yosef Agnon - Израел - роман, краток расказ
1966 - Nelly Sachs - Шведска/Германија - поезија, драма
1967 - Miguel Ángel Asturias - Гватемала - роман, поезија
1968 - Yasunari Kawabata - Јапонија - роман, краток расказ („Земјата на снегот“)
1969 - Samuel Beckett - Ирска - роман, драма, поезија (познат по тн. театар на апсурдот. „Чекајќи го Годо“)
1970 - Aleksandr Solzhenitsyn - Советски Сојуз - роман („Еден ден од животот на Иван Денисович“, „Август 1914“)
1971 - Pablo Neruda - Чиле - поезија
1972 - Heinrich Böll - Западна Германија - роман, краток расказ
1973 - Patrick White - Австралија - роман, краток расказ, драма
1974 - Eyvind Johnson - Шведска - роман
1974 - Harry Martinson - Шведска - поезија, роман, драма
1975 - Eugenio Montale - Италија - поезија
1976 - Saul Bellow - САД/Канада - роман, краток расказ („Херцог“, „Зграпчи го денот“)
1977 - Vicente Aleixandre - Шпанија - поезија
1978 - Isaac Bashevis Singer - САД/Полска - роман, краток расказ, мемоари („Круна од пердуви“, „Магионичарот од Лубин“)
1979 - Odysseas Elytis - Грција - поезија, есеи
1980 - Czesław Miłosz - Полска/Литванија - поезија, есеи
1981 - Elias Canetti - В.Британија/Бугарија - роман, драма, мемоари, есеи („Толпи и моќ“)
1982 - Gabriel García Márquez - Колумбија - роман, краток расказ, сценарио („Сто години самотија“, „Есента на патријархот“, „Љубов во време на колера“. Познат по употребата на магичниот реализам)
1983 - William Golding - В.Британија - роман, поезија, драма („Господар на мувите“)
1984 - Jaroslav Seifert - Чехословачка - поезија
1985 - Claude Simon - Франција/Мадагаскар - роман
1986 - Wole Soyinka - Нигерија - драма, роман, поезија
1987 - Joseph Brodsky - САД/Советски Сојуз - поезија, есеи
1988 - Naguib Mahfouz - Египет - роман
1989 - Camilo José Cela - Шпанија - роман, краток расказ
1990 - Octavio Paz - Мексико - поезија, есеи
1991 - Nadine Gordimer - Ј.Африка - роман, краток расказ, есеи
1992 - Derek Walcott - Сент Лусија - поезија, драма
1993 - Toni Morrison - САД - роман („Џез“, „Песната на Соломон“)
1994 - Kenzaburō Ōe - Јапонија - роман, краток расказ
1995 - Seamus Heaney - Ирска - поезија
1996 - Wisława Szymborska - Полска - поезија
1997 - Dario Fo - Италија - драма
1998 - José Saramago - Португалија - роман, драма, поезија („Евангелие по Исус Христос“)
1999 - Günter Grass - Германија - роман, драма, поезија
2000 - Gao Xingjian - Франција/Кина - роман, драма, книжевна критика
2001 - V. S. Naipaul - САД/Тринидад и Тобаго - роман, есеи
2002 - Imre Kertész - Унгарија - роман
2003 - J. M. Coetzee - Австралија/Ј.Африка - роман, есеи, превод („Животот и времињата на Мајкл К.“, „Чекајќи ги варварите“, „Срам“)
2004 - Elfriede Jelinek - Австрија - роман, драма („Пијанистка“)
2005 - Harold Pinter - В.Британија - драма, сценарио
2006 - Orhan Pamuk - Турција - роман, сценарио, есеи („Се викам црвено“, „Црна книга“, „Музеј на невиноста“, „Тивкиот дом“, „Белиот замок“, „Нов живот“, „Снег“)
2007 - Doris Lessing - В.Британија - роман, драма, поезија, краток расказ, мемоари
2008 - J. M. G. Le Clézio - Франција/Маурициус - роман, краток расказ, есеи, превод
2009 - Herta Müller - Германија - роман, поезија
2010 - Mario Vargas Llosa - Перу, Шпанија - роман, краток расказ, есеи, драма, мемоари („Разговор во катедралата“)
2011 - Tomas Tranströmer - Шведска - поезија, превод
2012 - Mo Yan - Кина - роман, краток расказ
2013 - Alice Munro - Канада - краток расказ
2014 - Patrick Modiano - Франција - роман
2015 - Svetlana Alexievich - Белорусија - историја, есеи
2016 - Bob Dylan - САД - поезија, текстови за песни
2017 - Kazuo Ishiguro - В.Британија/Јапонија - роман („Никогаш не оставај ме“, „Остатоци од денот“)
2018 - Olga Tokarczuk - Полска - роман, краток расказ, поезија, есеј, сценарио („Талкачи“, „Терај си го плугот по коските на мртвите“)
2019 - Peter Handke - Австрија - роман, краток расказ, драма, есеј, превод, сценарио („Стравот на голманот од пенал“, „Каспар“, критикуван дека отворено го поддржувал „режимот“ на Слободан Милошевиќ)
2020 - Louise Glück - САД - поезија, есеј
2021 - Abdulrazak Gurnah - Танзанија / В.Британија - роман, краток расказ, есеј
2022 - Annie Ernaux - Франција - автобиографија, роман
2023 - Jon Fosse - Норвешка - драма, роман, поезија, есеј

Многу одлуки за добитници на наградата низ времето биле контраверзни, имало дебати дека одредени избори биле погрешни, и сл. Најмногу во следните случаи:
-Толстој, Ибзен, Зола и Марк Твен, сите биле одбиени, наместо автори кои денес не се ни читаат. Исто и Чехов. Џејмс Џојс е автор на првопласираниот и третопласираниот најдобар роман во англиската литература според Modern Library („Улис“ и „Портрет на уметникот во младоста“), а Џојс никогаш не ја добил наградата.
-Карел Чапек бил одбиен затоа што Академијата сметала дека е премногу навредлив кон германската влада
-Изборот на Селма Лагерлеф бил премногу критикуван, затоа што во своите дела ги кршела жанровските конвенции на времето
-Во 1962 бил критикуван како погрешен изборот на Стајнбек. Њу Јорк Тајмс дури отишол дотаму што напишал дека Академијата погрешно дава награди на луѓе со ограничен талент. Таа година Роберт Грејвс бил најсериозен кандидат и сите навивале во негова корист.
-Во 1964 Жан Пол Сартр ја одбил наградата, затоа што сметал дека авторот не смее да биде трансформиран во институција, а тој би бил, ако ја прифател наградата - Сартр, нобеловецот.
-Во 1970, Солжењицин не можел да присуствува на церемонијата во Шведска, затоа што ако го напуштел Советскиот Сојуз, ќе му било забрането да се врати назад. Затоа побарал церемонијата да се одржи во шведската амбасада во Москва, што Академијата го одбила, по што и самиот Солжењицин ја одбил наградата и условите кои Швеѓаните ги поставиле, одржувајќи си свои приватни забави кои се наведа на самиот Алфред Нобел. Солжењицин ја одбивал наградата до декември 1974, кога бил депортиран од СССР.
-Во 1974, во најтесен круг за наградата биле Греам Грин, Владимир Набоков и Сол Белоу, но наградата ја добиле Ејвинд Џонсон и Хари Мартинсон од Шведска, кои биле тотални анонимуси надвор од нивната држава. И за да биде иронијата поголема - и двајцата биле членови на Академијата која ја доделува наградата, а Набоков и Грин никогаш не ја добиле истата. Заслужено, нели?
-Аргентинскиот автор Хорхе Луис Борхес неколкупати бил спомнат како можен победник, но никогаш не ја добил наградата заради отворената поддршка на Борхес кон чилеанскиот диктатор Пиноче (десничар), но не им сметало да ја доделат наградата на Сартр и Неруда коои отворено поддржувале диктатори како Сталин, но од спротивната страна (left-wing). Исто и Маркез, кој отворено го поддржувач кубанскиот претседател Фидел Кастро.
-Во 1997 наградата ја добил Дарио Фо, којшто првенствено е актер, комедијант, изведувач, и цензуриран од римокатоличката црква која и го критикувала изборот, победувајќи ги Салман Ружди и Артур Милер. Но Нобеловиот комитет се правдал дека нивниот избор би бил предвидлив, затоа оделе со нешто неконвеционално.
-Во 2004, еден член на Академијата ја напуштил истата заради изборот на Елфриде Јелинек, велејќи дека нејзиниот избор ќе и направи непоправлива штета на Академијата.
-За Боб Дилан знаеме што се случуваше...

Меѓу авторите кои никогаш не ја добиле наградата, мора да се спомнат: Лав Толстој, Хенрик Ибзен, Хенри Џејмс, потоа Марсел Пруст, Итало Калвино и Роберто Болањо (тројцата ненаградени заради прераната смрт), Франц Кафка, Фернандо Песоа, Вирџинија Вулф и многу други.

Во април 2018 3 члена на бордот на Академијата дадоа откази заради истрагата за сексуално злоставување од страна на авторот Жан-Клод Арнолд, сопруг на членот на Академијата Катарина Фростенсон, кој е обвинет за сексуален напад над 18 жени, и исто така, дека тој и неговата жена ги кажале победниците на наградата 7 пати во историјата на свои пријатели, за да може истите да профитираат од обложувалниците. Поради сите тие откажувања од Академијата (3 за случајот Арнолд-Фростенсон и двајца за Салман Ружди), во Академијата не останале доволно членови за да обезбедат кворум, па истата се самораспушти, и најави дека годинава, 2018, наградата нема да биде доделена, а наредната, 2019, ќе има двајца лауреати.

Подолу нешто повеќе за ова.


Какво мислење имате вие за Нобеловата награда за литература? Колкумина од лауреатите ги имате читано, и уште кој се сакате да ја освои наградата?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Како што пишав погоре, оваа 2018 нема да има доделување на Нобеловата награда за литература. Затоа, група од јавни личности од Шведска, над 100 писатели, актери, новинари и други ликови од јавниот живот од Шведска се собраа и формираа т.н. Нова Академија кои оваа есен ќе доделат сопствена награда, пандан на Нобеловата, во истото време со Нобеловата.

Ја основавме Новата Академија за да ги потсетиме луѓето дека литературата и културата треба да промовираат демократија, транспарентност, емпатија и почит, без привилегии, пристрасност, ароганција и сексизам.
Новата Академија ги повикала сите шведски библиотекари и книжари да номинираат автори кои би можеле да ја добијат наградата. Авторите мораат да имаат напишано 2 книги од кои 1 во послдните 10 години. Тие бараат автор кој ќе ги прикаже „луѓето во светот“, спротивно од Нобел кој наградува за “the most outstanding work in an ideal direction”.

По изборот од библиотекарите, ќе биде направена долга листа, после која народот ќе гласа и ќе избере 4 автори кои ќе влезат во најтесен избор, Новата Академија ќе гласа и ќе го соопшти победникот во почетокот на октомври 2018. На 11 декември 2018, откако ќе биде врачена наградата на победникот, на формална церемонија, Новата Академија ќе се самораспушти.

Тука беше објавена целата листа на автори номинирани од шведските библиотекари за кои народот можеше да гласа. Гласањето заврши, и 4 можни добитници на наградата се избрани:

-Haruki Murakami (Japan)
-Kim Thúy (Canada)
-Maryse Condé (France/Guadeloupe)
-Neil Gaiman (United Kingdom)


Победникот ќе биде прогласен на 12 октомври. Јас навивам за Нил Гејман, па зошто да не и Мураками, кој досега неколкупати беше спомнат и за вистинската Нобелова награда.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Добитниците од последниве 3 години за мене тотални анонимуси. Од Ерно нема никогаш ништо преведено на македонски освен една - две песни. За претходните двајца лауреати па да не правам муабет.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Норвешкиот писател Јон Фосе е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет.

Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, каде што како дете преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела.

Неговиот дебитантски роман „Црвено, Црно“, објавен во 1983 година, е напишан на ниноршки, еден од двата официјални јазични дијалекти на норвешкиот јазик. Ова дело е значајно поради својата бунтовност и емотивна сировост, како и темата на самоубиство, која на повеќе начини се преплетува и во неговите подоцнежни дела.

Неговата прва драма „И никогаш нема да бидеме разделени“ била објавена и изведена во 1994 година, но пробивот како врвен драмски писател дојде во 1999 година, со продукцијата на неговата драма „Некој ќе дојде“, во која се обработуваат теми поврзани со исчекувањето и љубомората.

„Неговиот огромен опус напишан на ниноршки, кој се протега низ разни жанрови, е составен од богатство од драми, романи, поетски колекции, есеи, детски книги и преводи. Иако денеска тој е најпознат поради неговите драми кои се играат низ светот, тој исто така станува се` повеќе признат поради неговата проза“, стои во соопштението од Нобеловиот комитет.

Делата на Фосе се преведени на повеќе од четириесет различни јазици.

Покрај признанието Фосе ќе добие и парична награда од 11 милиони шведски круни (нешто помалку од милион евра) од наградниот фонд на Нобеловата награда.

извор: okno.mk

Кај нас, единствен превод на дело од Јон Фосе е романот „Трилогија“ во издание на Готен, преведен во 2018 од Владимир Јанковски, но посредно, од англиски јазик. Значи - уште еден „анонимус“ за нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom