Ни Германија не не' игра повеќе

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A85554AE374C1B4286D03794627B9558

Германците ја туркаат идејата за биполарна двојазична држава која ја потврди и германската амбасадорка, како и германските медиуми Дојче Веле, Дневник и Утрински весник. Оваа идеја пред некој ден и официјално ја промовираше и Мендух Тачи. А токму во германските медиуми во Македонија Тачи, со Бранко Црвенковски, стануваат најафирмирани политич ки личности.

Многу ме подсеќа ова на 1991 кога Германија се умеша у СФРЈ со подршка кон хрватска.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Текстот на Вечер навистина е научна фантастика без никакви аргументи и невистини. Не знам што сака Вечер да докаже со тоа но изгледа тешко им е што на ВАЦ-весниците можат само вода да им носат.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
A koga toa germanija ni mislela dobro? :toe:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Текстот на Вечер навистина е научна фантастика без никакви аргументи и невистини. Не знам што сака Вечер да докаже со тоа но изгледа тешко им е што на ВАЦ-весниците можат само вода да им носат.

Вечер преку текстов, кој воопшто не ми се бендисува како е поставен, се обидува да поентира:

1. Политички поени за Владава
2. Напад на конкурентите од ВАЦ

Меѓутоа, доколку ги игнорираме овие 2 тенденциозни поенти, остатокот од текстот содржи логика во однос на улогата на Германија на Балканов.

Одамна Германците сакаат да се постават за фактор на Балканот, па не им останува ништо друго освен преку истите методи кои ги користеше САД, со подбуцнување на етничките тензии.

Втората логика, ни кажува дека на Германија и одговара и најмала криза во Македонија за да им послужи како евентуален изговор за визите, од кои нивната амбасада годишно има преку 5 милиони евра приходи.

А медиумите на ВАЦ, ја испорачуваат странската пропаганда во нашата јавност, тоа да ви биде јасно.

Разгледајте преку интернет колку си го зголемија Геманците уделот во Балканските јавни сервиси, телекомуникации и енергетика.
Очигледна е идејата освен за профит и држење во свои раце на сите главни ресусрси, да остарува и политичко влијание во креирањето на својата надворешно-глобална политика.

И Германците, како Французите, Британците и Русите одсекогаш имале и ќе имаат во иднина, империјалистички амбиции.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Германците се најголемите подржувачи на теоријата за словените и едни од создавачите на модерна Грција, така да ништо не би ме чудело.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Вечер преку текстов, кој воопшто не ми се бендисува како е поставен, се обидува да поентира:

1. Политички поени за Владава
2. Напад на конкурентите од ВАЦ

Меѓутоа, доколку ги игнорираме овие 2 тенденциозни поенти, остатокот од текстот содржи логика во однос на улогата на Германија на Балканов.

Одамна Германците сакаат да се постават за фактор на Балканот, па не им останува ништо друго освен преку истите методи кои ги користеше САД, со подбуцнување на етничките тензии.

Втората логика, ни кажува дека на Германија и одговара и најмала криза во Македонија за да им послужи како евентуален изговор за визите, од кои нивната амбасада годишно има преку 5 милиони евра приходи.

А медиумите на ВАЦ, ја испорачуваат странската пропаганда во нашата јавност, тоа да ви биде јасно.

Разгледајте преку интернет колку си го зголемија Геманците уделот во Балканските јавни сервиси, телекомуникации и енергетика.
Очигледна е идејата освен за профит и држење во свои раце на сите главни ресусрси, да остарува и политичко влијание во креирањето на својата надворешно-глобална политика.

И Германците, како Французите, Британците и Русите одсекогаш имале и ќе имаат во иднина, империјалистички амбиции.
Јасно е дека Германија како најважна земја во ЕУ не само што сака да биде секаде присутна, тука таа и реално е секаде присутна. Значи, Германија секако дека има улога на Балканот, посебно во Косово.

Ама не смееме да мислиме, дека Германската влада има улога во ВАЦ и во Германската новинска агеницја ДПА, пошто тие се приватни фирми а не ко кај нас, каде Вечер јавно кажува дека е со владата, во Германија слободата на печатот е многу многу поголема. Значи, потенцирајнето дека Германија како држава преку овие медиуми провоцира криза е неточна и со тоа главниот аргумент паѓа во вода.

Иначе, Германија не е против укинувајнето визи за Македонија, туку против Србија, Албаниј,а БиХ итн... индиректно можеби и против Македонија со барајнето во пакет сите земји да бидат или прифатени или одбиени но крајно Германија нема да се противстави на либерализацијата. На Германија никако не и одговара да има нови кризи на Балканот пошто тоа ја кошта Германија многу, ем пари ем војници кој им требат во Афганистан и во други мисии низ светот.
 
yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Uste malku samo sami megju sebe ke si se igrame.... lastik... do kolena.......
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ама не смееме да мислиме, дека Германската влада има улога во ВАЦ и во Германската новинска агеницја ДПА, пошто тие се приватни фирми а не ко кај нас, каде Вечер јавно кажува дека е со владата, во Германија слободата на печатот е многу многу поголема. Значи, потенцирајнето дека Германија како држава преку овие медиуми провоцира криза е неточна и со тоа главниот аргумент паѓа во вода.
Грешиш, не ти се простува ваква грешка.:)

Без да навлагам во елаборација, ама многу аматерски резонираш.
Иначе, Германија не е против укинувајнето визи за Македонија, туку против Србија, Албаниј,а БиХ итн... индиректно можеби и против Македонија со барајнето во пакет сите земји да бидат или прифатени или одбиени но крајно Германија нема да се противстави на либерализацијата. На Германија никако не и одговара да има нови кризи на Балканот пошто тоа ја кошта Германија многу, ем пари ем војници кој им требат во Афганистан и во други мисии низ светот.
Уште една грешка, тоа што се обидува да не стави во групата со нив јасно покажува дека е ДИРЕКТНО против укинувањето на визите за нас.

Кризата на Балканот им одговара на сите други, освен на луѓето што живеат овде.

Размисли зошто не им одговара силен и стабилен балкан.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Грешиш, не ти се простува ваква грешка.:)

Без да навлагам во елаборација, ама многу аматерски резонираш.

Уште една грешка, тоа што се обидува да не стави во групата со нив јасно покажува дека е ДИРЕКТНО против укинувањето на визите за нас.

Кризата на Балканот им одговара на сите други, освен на луѓето што живеат овде.

Размисли зошто не им одговара силен и стабилен балкан.
Епа сме го наебале ондак:)Колку што се сеќавам еден од најголемите подржувачие покрај САД на Албанците кога почнаа срањата со Косово беше Германија.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Аматерски или не, секој си има свој став и ја си кажав од кој причини мислам дека текстот на Вечер е нонсенс.

Иначе Балканот како што е денеска не може никогаш јак да биде и затоа нема причина Германија или други земја да работат против такво сценарио. На ЕУ и посебно на Германија не и одговара да има кризи на Балканот, пак ќе кажам. Има доста проблеми моментално во светот уште ние им фалиме.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Аматерски или не, секој си има свој став и ја си кажав од кој причини мислам дека текстот на Вечер е нонсенс.

Иначе Балканот како што е денеска не може никогаш јак да биде и затоа нема причина Германија или други земја да работат против такво сценарио. На ЕУ и посебно на Германија не и одговара да има кризи на Балканот, пак ќе кажам. Има доста проблеми моментално во светот уште ние им фалиме.
Токму ние им фалиме затоа што вака атрактивно подрачје е добро за докажување на супериорноста пред другите претенденти.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Германија е иницијатор и покровител на војните на Балканот, едно видео:

N

n/a

Гостин
За оваа Влада, дури и `аматерската лига`е сериозно преувеличување на нејзините `способности`.
То да се чуди човек до какви крајности може да стигнат нивните гафови.
:ija: :pop:
100% да е вистина ова што го тврдат на насловна страна на провладиниот `Вечер`,тоа е прво и основно и пред се НЕДОЗВОЛИВО !
Ова е пример за дипломатски скандал.
Гаф,од невидени размери.

Стока,селска и необразувана.
Арпаџици,ебате.

ОСТАВКА !!!
Сум кажал ја:
-едини ќар од сељак може да видиш ако го вратиш на њива.
Иначе само штета (и тоа ненадоместлива) ќе причинуе.

Германија е иницијатор и покровител на војните на Балканот,
И ???
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Германија е иницијатор и покровител на војните на Балканот, едно видео:

Оваа теза секаде во светот и во науката е одфрлена, освен во Србија. Ако ги погледнеш настаните на Балканот и на распадот на Југославија ќе видиш, дека САД, тогашната ЕУ и нивните членки Франција, Британија и Германија се залагаа Југославија да остане една држава. Имаше дипломатска офанзива посебно ко почна војната во Словенија, а ЈНА која беше под Српско водство, ја почна таа војна. Тогаш имаше еден договор во Бриони, да прекине војната во Словенија и да има внатрешни преговори за иднината на Југославија. Западот со САД и Германија беа за цела Југославија. Но, српските активности посебно во Хрваткса продолжија и тогаш прва Германија се закануваше дека ако не запре ЈНА со активностите и помошта на босанско-српските сепаратисти ќе земе во предвид, да ги признае Словенија и Хрватска. Со тоа сакаше да го интернационализира конфликтот и да ја натера Србија да прекине со дејствата во Хрватска. Но, Србија продолжи и кон крајот на 1991 ги освој Славонија и Крајина, значи териториите каде живееја Срби. ПОСЛЕ тоа Германија ги призна Словенија и Хрватска на 23. Декември 1991, ама тоа де факто ништо не смени пошто Србија и ЈНА ги освоија хрватските територии и прекинаа со војните активности.

Значи, Германија имаше улога во признавајнето на Словенија и Хрватска, но за ратот и разпадод на Југославија најголема вина носи Србија, а не Германија.
 
Ај бе батка не лупај и ти...
и запамти:
У политика едно ти кажуат,сасвим друго ти прават. :tapp:

п.с. Јас имам нов `прекар` за Гујо тупото и дебилна сурија.
`Гујо Ахметинеџад и револуционерната гарда` .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom