- Член од
- 3 јануари 2023
- Мислења
- 7.316
- Поени од реакции
- 4.702
Познат сум по тоа...
прво ќе пробам сам, а отпосле ќе читам „упатство за употреба“.
и многу пати во животов сум „сјебувал“ работите.
Така беше и вчера...
Колега на работа, помлад 15 години од мене, нашол кај ќерка му вакво нешто.
Го одземал, мислејќи дека е нешто во врска со наркотици.
Земал, па и самиот пробал од нив,
ги донесе на работно место и ми раскажа за случката.
Си реков, ај и јас да пробам, да видам што е тоа чудо.
Земав едно...
По 30 секунди осетив топлина на допирното место, издржлива, ништо страшно.
После 2 минути осетив лесна зашеметеност, во тој момент го исплукав.
И тогаш почна...
Вртоглавица, мачнина во стомакот, нагон за повраќање.
Колегата рече дека и него му се слошило,
само што тој одма кога осетил топлината,
го исплукал, прилегнал, и за 15 минути му било подобро.
Црева почнаа да се бунат, па морав да се испразнам, онака понатечно.
Се вратив на работно место, и одеднаш изби пот од мене,
колегите ми се смееа, вака не сум бил испотен ни кога најмногу сум работел.
Почна мачнина, не само во стомак, туку и во глава, морав да приседнам.
По 10 минути уште еднаш бев облеан во пот.
Добив тешкотии при дишење, едно време сакав да замолам колегите да викнат доктор,
ама од срам се предомислив... Што да кажам, како да објаснам?
Во тој момент, го замолив Горниот, да ме остави уште малку да поживеам,
имам дете, да го опраам на прав пат, па после сам ќе дојдам кај Него, ако е време.
Осетив, како срцето да прерипа...
Седнав, спуштив глава на маса и затворив очи.
По еден час „голгота“, се опраив.
Ти благодарам Боже за подарениов ден.
...
Младиве деца го употребувале помасовно.
...
П.С. Ова мое „признание“, го напишав како предупредување за останатите како мене.
Сум преживеал никотински шок.