Не те бидува за...

  • Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Родителите и двајцата ми беа мн добри математичари и физичари, професорката некако не беше погодена (у основно). Немаше нерви да објаснува по два пати, три пати, ги форсираше петкашките, алгебра бев тотална 0 ама геометрија стигав и до тројки. Многу време помина, го памтам само тоа дека пред писмени математика на дадени задачи јас не спиев, цела вечер повраќав, се тресев на час.. и се плашеа на маторката многу, едно девојченце на табла и се онесвести. Ај битно за пишување ме бива. Писмени македонски кога имавме на пола клас им пишував писмени. Се тешев дека у нешто сум подобра од петкашките математика и така среќно заврши образованието. :cool:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
Не ми кажа директно дека не ме бива , али ми кажа дека не била задоволна како што мислела дека ќе биде. Јазикот ми се окочи од лижење за да сврши да не се расчуе низ народот , како јас да сум крив шо на неа мегафон и поминал меѓу нозете. :pos:
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Всушност, да.
Почнав да тренирам кошарка од причина што не бев добра во спортови. Мајка ми беше малку манијакално заштитнички настроена, па јас во животот не бев допрела топка многу пати. Само неколку пати кога играв „фудбал“ со татко ми.
Таму најверојатно служев заз потсмев. Немав идеја како треба да изгледа една игра и само стоев во ќошот со скрстени раце и чекав топката да ми падне од небо. Долго време си имав проблем со тоа. Но после почна да ме интересира спортот и почнав да гледам, па ми текна малку како треба да играм кошарка.
Сега веќе можам да погодам 90% од фрлените топки. Специјалист сум за банани и крадење топки. Е, скокањето малку слабо, а и не сум многу висока.

Ми имаат кажано и дека не ме бива за пеење. Богами, во право се. Навистина не ме бива. Затоа во последно време пеам само кога се туширам.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Зависно од сериозноста на упатениот коментар....

Доколку "не те бива" е нешто во стил: не те бива за свирење гитара, не те бива за готвење, за возење, итн итн.... доволен е само продуктивно насочен голем инат, желба и волја... и мене како дете ме убедувале пред натпревари да не се надевам зашто нема да земам, па сум победувала, дури и испити сум положувала од инат неспиејќи, сум истрчувала до крај од инат....

НО, како човек станува повозрасен сериозноста на коментарот "не те бива" е од деструктивно значење.
Значи не се однесува за хоби, за готвење, за оценки во школо.... Веќем се однесува во способност за издржување врски, фамилијарен живот, кариерен живот..... А во тоа, некогаш и колку многу труд, амбиции, љубов, позитивна енергија вложиш во нештото за да го побиеш коментарот "не те бива", е излишен. Затоа што не постои писмена спецификација како во школо во која пише е со толку труд значи те бива, а со помалку од тоа не те бива.... Ќец или петка.... нема... Луѓето стареат, со животот стекнуваат искуства, има и такви што стекнале премногу фрустрации, таквите луѓе вложуваат толкава силна негативна енергија, од типот на коментари и дела, со главна цел да докажат дека не те бива... И тие со упорност успеваат во тоа... Како човек старее, едиствен доказ за тоа дали го бива или не, е колку тој поседува и од која фамилија потекнува, таквите и да не ги бива, ги гураат и ги сакаат и фактички репутациски гледано - за све ги бива.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
за цепење дрва и палење оган (по дома мислам)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom