Необјаснив синдром?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Откога се случи нападот во Америка, (двете кули близначки) имам необјаснив синдром секогаш кога ќе слушнам хеликоптер во близина, да мислам дека ќе удри во мојата зграда. Ако се мајтапите со мојава несреќа, поарно горе десно црвеното копче. Во случај и вас да ви се случува нешто слично, пишете. А и не е лошо некој психолог да ме просветли што да правам со себеси во такви ситуации. Ајде, сполај ви!:back:
П.С. Не мислам дека темава е за психолошки прашања, затоа што сум сигурна дека има уште луѓе што се плашат по одреден настан. Дајте и` шанса.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Колку и да ти изгледа чудно, многуте стравови можат да се надминат со нивно поинакво гледање.
Ако успееш да си ја разложиш случката и „да ја размислиш“, ќе почнеш со тек на време инаку и да ја доживуваш.
За почеток треба вистински да перцепираш нереалноста на таквите случки кај нас: секој „евентуален“, читај-скоро невозможен, терористички акт кај нас би бил од копнена природа :)
Од таа страна си ептен безбедна (високо си). Пробај да ги разложуваш ситуациите и постепено разумот ќе превладее. :smir:
 
S

smart ass

Гостин
За почеток треба вистински да перцепираш нереалноста на таквите случки кај нас: секој „евентуален“, читај-скоро невозможен, терористички акт кај нас би бил од копнена природа :)
Од таа страна си ептен безбедна (високо си).
Или поточно Пазари,Автобуси,Железници,Хотели....

Значи да БЕЗБЕДНА СИ!!
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Амбулантски коли.Секогаш кога ќе видам некоја како брза по градот се скаменувам,ежам преплашувам и молам колата да стигне што е можно побрзо до болница.
Веројатно стравот ми е од тоа што имам искусено како е да се возиш со такво нешто и не е баш така интересно.
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
КЕ бидете изненадени кога ке слушнете и почудни синдроми, постои и т.н. Супермен Синдром... Погодете за што станува збор тука. Инаку во твојот случај е нормално бидејки се базира на веке виден или искусен настан, и треба само самата со себе да се соочиш и да ги надминеш тие стравови.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Не би го нарекла твоето синдром, далеку е од тоа.
Колку што видов немаш опишано некои физиолошки промени, значи не е фобија, така што единствено би го објаснила како страв поради сугестија/минато искуство.
Ако ударот врз кулите си го доживеала потрауматично, може да ти се јавуваат такви мисли.
Не сум слушнала за тоа дека може некако магично да се искорени, ама пробај со автосугестија. Кога ќе чуеш хеликоптер пушти погласна музика, мисли на убави работи, размислувај позитивно, обидувај се да го игнорираш звукот и да не го поврзуваш со лоши работи. Знам дека не е лесно, ама обиди се.
Ти бираш дали ќе мислиш позитивно или негативно, така што ако сакаш-ќе успееш.

Што се однесува до Супермен...Да не случајно мислиш на комплекс на супермен?!
 
ме ─╤╦︻ спука

╲╲╲╲╲╲CS,WE7,CR9 ╱╱╱╱╱╱
Член од
13 април 2010
Мислења
143
Поени од реакции
2
da ne nese se avionite od amerika tuku helikopterot koga go nosese teloto na tose proseki i preleta nad skopje
lele toa bese jezivo onaka site doma gledaat televizija zivo davaat aerodrom kako go stavaat vo helikopter i samo go slusas istiot kako nadletuva nad skopje
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Не би го нарекла твоето синдром, далеку е од тоа.
Колку што видов немаш опишано некои физиолошки промени, значи не е фобија, така што единствено би го објаснила како страв поради сугестија/минато искуство.
Ако ударот врз кулите си го доживеала потрауматично, може да ти се јавуваат такви мисли.
Не сум слушнала за тоа дека може некако магично да се искорени, ама пробај со автосугестија. Кога ќе чуеш хеликоптер пушти погласна музика, мисли на убави работи, размислувај позитивно, обидувај се да го игнорираш звукот и да не го поврзуваш со лоши работи. Знам дека не е лесно, ама обиди се.
Ти бираш дали ќе мислиш позитивно или негативно, така што ако сакаш-ќе успееш.

Што се однесува до Супермен...Да не случајно мислиш на комплекс на супермен?!
арно си кажа Новинарка тоа сепак се става во категоријата Синдром затоа што се повторува постојано и бидејки e врежано во нашата меморија, а со тоа што ке пушта музика или ке мисли на убави работи нема да и помогне да го истера тој страв туку само да го прикрие , Напротив треба да се соочи со него . :) а супермен синдром е еден од многу ретките синдроми кога луѓето брзо реагираат и се над обичните луѓе во сетилата.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
арно си кажа Новинарка тоа сепак се става во категоријата Синдром затоа што се повторува постојано и бидејки e врежано во нашата меморија, а со тоа што ке пушта музика или ке мисли на убави работи нема да и помогне да го истера тој страв туку само да го прикрие , Напротив треба да се соочи со него . :) а супермен синдром е еден од многу ретките синдроми кога луѓето брзо реагираат и се над обичните луѓе во сетилата.
Синдром се нарекува нешто што е склоп на повеќе симптоми, знаци, карактеристики и сл. Новинарка освен мислење на тоа, и страв, не пројавува ништо.
Не може да се соочи со тоа, зашто не е нешто што го контролира, ако се соочи со хеликоптер во потполна тишина на пример, може да има напад на паника, а за да не дојде до тоа, треба да се смени текот на мислите.
Наместо негативни мисли, да има позитивни мисли.
Исто така, позитивни стимулси би завршиле работа, ама не знам колку би можела да го прави тоа.
Имам равено експеримент за позиивна работа да си ја направам негативна со негативни стимулси, и прилично ми успеа, така шо јас лично тоа ти препорачувам.

А што се однесува до Супермен синдромот...
Ако мислиш на ова..
Ама она што ти го опиша ми е зголемена способност за перцепција, нешто што се развива со вежбање, ама не сум слушнала за синдром.
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
тоа што ти го велиш е веќе болест а синдром во правата смисла на зборот е пореметување на генските алели, појава на Трисомија, Моносомија, итн. додека зборот синдром исто така се употребува во секојдневен говор како настан што ни се случува постојано кој има корисни или непријатно дејство врз нашите мисли или нашето тело. Има синдром на тесни фармерки исто така, некои девојки неможат без нив и затоа имаат синдром на тесни фармерки. Инаку добро ги согледуваш работите. Сепак кај секоја индивидуа различно ке влијаат твоите препораки. Велиш дека неможела да се соочи со тоа бидејки не го контролира. Таа го контролира тоа само не е свесна дека го контролира, сето тоа си зема свој замав потсвесно. Концентрацијата е клуч на секој успех.
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
хах и ја го имам хеликоптерот во потсвеста...
ми проработуваат инстинктите и ми ја блокираат свеста за едно 3 секунди , после тоа се е во ред...
Заради медиумската експонација на 09/11 ...ваљда :vozbud::smir:
 
host_kb

manjak
Член од
4 мај 2010
Мислења
35
Поени од реакции
8
Откога се случи нападот во Америка, (двете кули близначки) имам необјаснив синдром секогаш кога ќе слушнам хеликоптер во близина, да мислам дека ќе удри во мојата зграда. Ако се мајтапите со мојава несреќа, поарно горе десно црвеното копче. Во случај и вас да ви се случува нешто слично, пишете. А и не е лошо некој психолог да ме просветли што да правам со себеси во такви ситуации. Ајде, сполај ви!:back:
П.С. Не мислам дека темава е за психолошки прашања, затоа што сум сигурна дека има уште луѓе што се плашат по одреден настан. Дајте и` шанса.

кога следниот пат ке прелета хеликоптер над твојата зграда, ти управувај со својата свест не дозволувај во тој момент таа да те контролира тебе. Значи во твојата под свест го имаш тој страв, а тоа уствари не е ни фобија ниту синдром, тоа е само страв од смрта, кој сите го имаме, но има начин на надминување. Многу едноставно кога следниот пат ке слушнеш хеликоптер опушти се и повторувај во себе дека се ке биде добро... и ке видиш дека ке го надминеш :salut:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom