Нема повеќе сушење долен веш на балкон

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Абе владата намеро донесува вакви закони за да го држи ЧДА во живот...
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Во името на непокорот, извадете го вашиот долен веш!



А можете ова чудо да го купите Тука Американска танга по македонски терк!

УРА!!!!!

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
А битните ствари?
Па ќе се собереме, ете јас сум џентлемен, ќе најдеме некој шо има тераса, некој со вила еден со базен и еден згоден...
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
165
сакате европа еве ви европски закони
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
вака ќе заостаниме во погледот на долниот веш....
 
T

Tetro

Гостин
Пошто сушарките не ме собираат,а не можам да уклучувам машина секој ден барам вила со базен,пространа тераса и згоден џентлмен!

Информации за контакт кај мене на профил.
јас имам 8 тераси, 4-те се огромни. и базен ќе копаме заедно ако сакаш.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ниедна полиција и ниеден закон не можи да ти ги реши проблемите со твоите соседи, ќе го видиш тоа после донесувањето на овај и уште на милион други закони. Проблемот е тоа што од расправање со твоите комшии повеќе не сакаш да се расправаш, а си пробал да разговараш а не да се расправаш? Фин културен обичен љубезен разговор и не кажеш што ти пречи и што може да се превземи поради тоа. Комшијата што ти фрла кондоми во двор можеш да го предупредиш дека деца поминуваат оттука и подобро ќе биде да ги фрла во канта. Јамболии теписи не се тресат секоја ден најмногу два пати годишно обично во ден Недела, е сега таа ден можеш да го заклучиш станот и излезеш во природа малку да прошеташ и одмориш од стресот, е сега ќе треба да почнеш да разговараш за да ти речат кога се тие денови. Исто и со тие што тресат чаршави културен разговор и објаснување па сигурно ќе ги тресат во канта. Комшијата што ти пие и слуша турбофолк навечер какво е твоето мислење за него сигурно се најлошо, јас да сум на твое место би седнал со него на по една ракија до две, би ги ислушал маките негови. Тоа е тоа не може да престане да пие и да слуша музика, па би му купил МП3 плеер не нов не мора на старо од некаде и решен проблем.

Не ти солам памет само се објаснувам како јас би го решил проблемот, затоа што законот е чиста глупост и што ако некој од нив имам роднина полицаец нема ни да го казнат......

Полицијата ќе дојде и ќе си отиде ти ќе треба да продолжиш тука да живееш со нив.

Си слушнал за лоши комшии? За луѓе кои не познавваат убав збор?

--- надополнето ---

Ќе си купите бе памперси, има и за големи.
А ти си купуваааааал.... Ахааааа!
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
И сега? Ке ги бесам над шпорет дури се готви нешто за да им иде вруќо да се исушат побргу х)
Ако сакаш после да носиш чорапи со опоен мирис на турлитава или сарма.
 

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
Користење на музички апарати свирење и пеење во станот не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот.

Само ова не ми се свиѓа, се друго е ок, а поготово делот со пружењето алишта на тераса. Конечно нема веќе да гледам кој број на гаќи носи бабата од 1ви спрат и водата од истите да ми капе на глава.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Си слушнал за лоши комшии? За луѓе кои не познавваат убав збор?



Не постојат лоши комшии само постојат комшии кои не сакаат да се видат меѓу себе.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.360
Поени од реакции
512
Ниедна полиција и ниеден закон не можи да ти ги реши проблемите со твоите соседи, ќе го видиш тоа после донесувањето на овај и уште на милион други закони. Проблемот е тоа што од расправање со твоите комшии повеќе не сакаш да се расправаш, а си пробал да разговараш а не да се расправаш? Фин културен обичен љубезен разговор и не кажеш што ти пречи и што може да се превземи поради тоа.
А бе другар , 20 и кусур години сум во оваа зграда и со горе доле истите луѓе живеам . Значи , не еднаш туку милион пати сум пробал да се разберам на фин начин . Шала на страна , ама им се понудив и ѓубрето да им го фрлам и пепељари да им купам , само да не ми фрлаат доле . И знаеш кој беше одговорот ??? - Шо ми гајле , ти ли ќе ми кажуваш јас кај да фрлам ѓубре , па дворот не е твој :toe:И точно е , дворот сеуште не мој , но ете (за моја несреќа) живеам на приземје и сакам местото околу мене да биде чисто и средено . Па затоа од мои пари купив косилка , црево (водата од кај мене дома ја пуштам а не од хидрант) , насадив цвекиња , дрвца , жива ограда , насадив трева итн итн . Значи , сум го средил местото околу зградата , а некои "граѓани" за тоа ама ич не ги боли , и си даваат за право да прават што сакаат . Е не може тоа така , ќе се однесува како што треба , не се наоѓа во родното му село , и дворот пред зграда не е селско буниште , па да фрла се живо и диво .
Знаеш , не е проблемот во законот , луѓево у зградиве треба да функционираат на овој начин и без него . Ама очигледно кај нас мора да не удрат по џеб за да ни дојде паметот :toe:
П.С. Да видиш кое интересно чувство е кога до тебе ќе ти падне саксија со љубичици :nesum:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Кога живеев во Чаир, комшијата на приземје си имаше насадено, во дворот од зградата, пипер и патлиџан, па никој ништо не му рече. Абе не можеш селото од сељакот да го извадиш и тоа е тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
во дворот од зградата, пипер и патлиџан, па никој ништо не му рече.
Уште му фали Дорчо пред зграда да го врзе.

Пипер, патлиџан, ајвар, пеглани пиперки, во подрум кисела зелка...Попрво би требало тоа да се забрани него сушењето алишта. Додуша и за алиштата имаше у повеќето згради делови каде можеше да се сушат алишта (лоѓии мислам се викаа), но станарите си ги преправија у кујни, купатила.

Макар да по се изгледа забраните и казните се само медиумски најави или празно слово на хартија. Досега у маало ги немаат казнето куќите со недовршени фасади.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
http://on.net.mk/vesti/balkan/red-ili-kazna

Ако ги прострат гаќите на тераса или ги постават климите така што ќе им капат на минувачите во врат, Белграѓани ќе плаќаат казна од 5.000 до 20.000 динари.

Според новите комунални правила жителите на српската престолнина чии балкони гледаат кон улица или плоштад може да бидат казнети и доколку ја проветруваат својата постелнина или прострат теписи.

Прозорците и терасите луѓето може да ги украсуваат со саксии со цвеќе, но само ако тие не ја загрозуваат безбедноста и не ги оштетуваат зградите. Под исти услови може да постават и антени а истакнатите знамиња мора да бидат чисти и неоштетени.

Водата од клима уредите не семе да се слева по ѕидови или да капе на јавни површини, додека лицата кои живеат во згради што се под заштита, за ставање клима мора да добијат согласност од Заводот за заштита на културни добра.

Сопствениците на складишта и отпади обврзани се да ги оградат парцелите за да не се гледа што се има на нив а во спротивно им се заканува глоба од 20.000 до 1 милион динари.

Правилата се усвоени на последната седница на градското собраните и тие за прв пат во целост го регулираат прашањето за одржување комунален ред во Белград.
Побрзи сме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom