AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.574
Гледам, луѓево во Македонија многу несериозно ги сфаќаат тие опасности од пробивање на картичките. Сите ги оставаат и слиповите од банкомат кога вадат пари (на тоа мислам дека има некој број на сметката, а и состојба на сметката дава на крајот), пинот им е запишан на ливче во новчаник, и некои слични почетнички грешки кои не смеат да се случуваат. Зошто кога ги даваат картичките на луѓево (а, јасно е дека не сите знаат како треба со нив) не им објаснат како да ги користат? Само ќе ја тупнат картичката, ќе ти наплатат едно чудо провизии за вадење пари, камати ако купуваш на рати, па после ти чуди се што со нејзе... Последно со каматите беше што купував од саломон на рати и дечкото што продаваше таму ми рече дека тие ја плаќаат каматата, а после некој ден на извештајот ми стигна каматата и мене. Отидов во банка да прашам што правиме сега, и тетката ми рече "што да правиме, плати си ја каматата":uvo:
Инаку, проблемот со картичката што го имав, картичката беше од Стопанска Банка. Често им се случува да немаат пари во банкоматите, па да враќа како неуспешна трансакција или така нешто. А кога имаат пари, наплаќаат 2% од сумата+100 денари провизија за трансакцијата:angry1: