Нема картица - нема бизнис :)

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Гледам, луѓево во Македонија многу несериозно ги сфаќаат тие опасности од пробивање на картичките. Сите ги оставаат и слиповите од банкомат кога вадат пари (на тоа мислам дека има некој број на сметката, а и состојба на сметката дава на крајот), пинот им е запишан на ливче во новчаник, и некои слични почетнички грешки кои не смеат да се случуваат. Зошто кога ги даваат картичките на луѓево (а, јасно е дека не сите знаат како треба со нив) не им објаснат како да ги користат? Само ќе ја тупнат картичката, ќе ти наплатат едно чудо провизии за вадење пари, камати ако купуваш на рати, па после ти чуди се што со нејзе... Последно со каматите беше што купував од саломон на рати и дечкото што продаваше таму ми рече дека тие ја плаќаат каматата, а после некој ден на извештајот ми стигна каматата и мене. Отидов во банка да прашам што правиме сега, и тетката ми рече "што да правиме, плати си ја каматата":uvo:
Инаку, проблемот со картичката што го имав, картичката беше од Стопанска Банка. Често им се случува да немаат пари во банкоматите, па да враќа како неуспешна трансакција или така нешто. А кога имаат пари, наплаќаат 2% од сумата+100 денари провизија за трансакцијата:angry1:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кредитна картица, не фала толку се сигурни што секое дете може да те собере, а и се плаќаме поскапо со нив односно цена+провизија, наздравје бричење.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Ми се случи еден апсурд пред недела време.Картичка Visa од тутунска,одам на бензиска на Макпетрол да ставам бензин и нели да платам со картичка и заради "безбедносниот чип",треба јас да си го внесам пинот во картичка за да ми биде одобрена трансакцијата.Во моментот кога требаше да го направам тоа јас зборував на мобилен и наместо 1234 јас искуцав 2134(бројките се фигуративен пример) во истиот момент изреагирав на вработениот дека направив грешка ,а тој пустиот "не бе девојце се е во ред ете ја прифати трансакцијата".Си излегов збуната дали мене ми лапна пари од картицата или некој го лапна калапот ради мене,дојдов дома и да сите информации беа моите,од број на картичка до име презиме,значи се.Не ми е јасно како со таков "заштитен чип" може да се случи ова:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom