Некој има користено Skrill

  • Креатор на темата Креатор на темата Gacho
  • Време на започнување Време на започнување
Скам е немој да се лажеш ќе ти пропаднат сите пари по неколку дена ;)
 
Скам е немој да се лажеш ќе ти пропаднат сите пари по неколку дена ;)

Skrill е тоа што некогаш беше Moneybookers - докажан, проверен и легален метод за трансфер на пари преку Интернет.

Со Skrill може да се купува кредит за телефонски разговори преку Skype, а може да се купуваат производи и на eBay, што повеќе од доволно говори дека не станува збор за никаква измама.

И да, Skrill е достапен за Интернет корисниците од Македонија, за разлика од PayPal, но ова не значи ништо посебно, бидејќи на крајот продавачот е тој кој одлучува преку кој метод ќе му се плаќа за производите кои ги продава на eBay, а за жал, мнозинството продавачи го преферираат и буквално го форсираат PayPal.
 
Добро бе толку не свати дека се зафркава .:pos:
 
Добро бе толку не свати дека се зафркава .:pos:

Едноставно тешко ми е да верувам дека во оваа чудесна земја Македонија имаме луѓе со толку богата смисла за хумор. :pos:
 
Откога ќе се регистрираш по пошта на домашнаа адреса треба да ти пристигне писмо со лозинкаа за најава.
После тоа можеш неограничено не секаде да го користиш.
 
Јас го користам редовно, уште од времето кога се викаше Moneybookers.

Си креираш профил, и потоа поврзуваш платежна картичка со сметката.
За поврзување на картичка треба верификација, која се врши така што тие ти одземаат нешто ситно од картичката (помалку од 2 евра), и ти треба да внесеш колку точно ти одзеле (на 2 децимали).

За повлекување на пари од Skrill на твојата картица (банкарска сметка) се чека до 7 работни дена.
Ако ти е само за трошење, ставаш средства од картицата на Skrill акаунтот, и плаќаш кај што е можно плаќање со Skrill.

Btw, нема врска коментарот на @Fringe, чекање на писмо по пошта е за третиот степен на верификација (кој е за подигање на лимитите до максимум).
 
Скрил е милина за разлика од пејпалот, можеш да праќаш пари кон други корисници со fee од неколку центи, додека пак на пејпал дерат со тоа fee-то.
Исто и за повлекување на пари се плаќа само 2.85$ ако не се лажам, за било колкава сума, што е одлично, дали ќе извадиш 100$ или 10.000$ ги плаќаш само тие 2.85$.
Штета што Скрилот не е толку користен како што е користен пејпалот, многу луѓе немаат слушнато за него а многу е поекономичен.
 
Значи може да поврзам со која било трансакциска од било која банка?
 
Значи може да поврзам со која било трансакциска од било која банка?

Па не знам дали може со било која, пробај, знам само дека може со НЛБ Тутунска, за другите не знам, немам пробано.
 
Скрилот го користат индијците. Сепак Пејпал е вистината. Ориентирај се натака
 
Земав картичка од НЛБ, префрлив 2 пати по 200 денари. Од Скрил ми ги повлекоа и двата пати околу 2 евра ама ниту еднаш не добив опција да пишам точна сума со 2 децимали и да можам да ги повлечам парите?
Hint некој?:
 
Оди во "Cards and Bank Accounts", треба некаде да има копче "Verify" кај картицата што си ја пишал (одамна немам верифицирано нова картица, ама така некако беше).

https://help.skrill.com/articles/en.../?l=en_GB&c=Consumer:Account_Verification&t=s
 
Некој кој има акаунт на скрил,заинтересиран да ми помогне да купам нешто на интернет? Поточно,коинс за World Of Warcraft.Коштаат 9 евра,ако има некој кој има акаунт и сака да помогне,јас ќе му ги дадам тие 9 евра во ќеш или на картица или како и да сака.
Во ПП ако има некој заинтересиран.Ако треба и фазла за завршената услуга ќе дадам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom