Независен кандидат и жители на Петровец обвинуваат за политички притисок

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
"Под притисок и постојана присмотра, со закани и апсења" обвинуваат дека живеат во овие изборни денови граѓаните од општина Петровец .
Жителите и независниот кандидат за градоначалник на Петровец Звонко Цветковски велат дека од страна на специјалната единица Алфи постојано се малтретирани и физички нападнати од нив и од активисти на некој партии.

„Нема ден да не се нападнат физички 4 до 5 лица, да не се киднапираат , притвораат од страна на активисти на ВМРО и од кандидатот од лигата на бошњаците кои се во коалиција со ВМРО- ДПМНЕ.Посебно пак албанското население е тероризирано до крајност што луѓето не смеат да излезат на улица посебно во Катланово и Огњанци каде што претходниот кандидат од лига на бошњаци ги купи граганите за пари и брашно.Сега граѓаните нема да му го вратат брашното. Сега им влегуваат насилно во куќите им се бараат парите или брашното ако не ги тераат со матичен број да потпишат кај нотар дека сигурно овој пат ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ“ изјави Звонко Цветковски – независен кандидат за градоначалник.

Од министерството за внатрешни работи велат дека до сега немаат добиено никаква пријава дека жителите на општината Петровец се малтретирани.Наспроти ова жителите тврдат дека за ваквите инциденти и постојаниот притисок ги известиле народниот правобранител, ОДИХР, ОБСЕ, МВР, Дик и дека никој досега не им помогнал да го решат проблемот поради што најавуват и протести.

„Единствено сега спас гледаме во Фуере.Преку сите институции се обидуваме да дојдеме до него и ако до утре не го најддеме најмалку 1500 грагани ќе одиме пред канцеларијата на Ерван Фуере и да бараме спас од него“ вели Цветковски

За жителите ваквиот терор бил неподнослив, тие велат дека жално е да им се налага за кого да го дадат гласот. За нив независниот кандидат за градоначалник Цветковски бил човек кој знае да раководи со општината.

„Не тераат да се гласаме за ВМРО, јас сум од ДУИ а градоначалникот не ми е од ДУИ. Ама не сакаме да гласаме по наредба„ изјави Џевџет Рамадановски – жител на Огњанци.

Од МВР потврдуваат дека жители на Петровец биле викани на информативни разговори во полиција, но не само тие туку дека биле викани и граѓани од други општини се со цел да се спречат можни инциденти.

Верица Милева


http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/11785.html
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
hahahhahhahaha

abe politicki pritisok ima vo site pori na ovaa drzava
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
Од МВР потврдуваат дека жители на Петровец биле викани на информативни разговори во полиција, но не само тие туку дека биле викани и граѓани од други општини се со цел да се спречат можни инциденти.
Vidi sto ti znaci vlast , mozni incidenti ehehe
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
Aктивист на градоначалнички кандидат претепан во Катланово


Активист на независниот кандидат за градоначалник на општината Петровец Звонко Цветковски, вчера околу 15 часот е претепан во Катланово во близина на кафеаната Архилеа Гес.
Дваесет годишниот Сефедин Суфки со видливи повреди на главата излегувајќи од полициската станица во Петровец рече дека во кафеаната бил повикан па нападнат од неколку лица меѓу кои и советникот во општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргиевски Ѓорѓи. Според него причината за нападот е неговата вклученост во изборната кампања на Цветковски.

„Ме викнаа таму и ми рекоа „зошто одиш во штабот на Звонко“ и ме седнаа на столица и почнаа да ме маваат, советникот Ѓорѓи, Љупчо и Ненад“ рече Суфки.

Педесетина поддржувачи на Цветковски се собраа пред полициската станица и мирно чекаа да излезе повредениот. Дел од нив велат дека предизборната кампања во општината пред гласањето во недела минува во знакот на постојани напади и застрашувања од страна на локалните активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е една група на граѓани, жители на Катланово, а еден од нив е и советник и на советничката листа на општина Петровец. Ѓорѓи Ѓоргиевски се вика. Во неговата кафана го повикаа човекот и го нападнаа. Нема никаква демократија овде“ вели еден од активистите на Цветковски.

Кандидатот и актуелен градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, потврди дека Суфки е дел од неговиот изборен штаб и обвини дека неговите поддржувачи особено етничките Албанци изминатава недела се под притисок на приврзаниците на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Борче Митевски.

„За ваквиот фашизам од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот геноцид што се врши врз целото население, врз сите жители кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ со кој се среќаваме скоро секој ден напипшавме претставки и жалби до ОБСЕ, ОДИХР, МВР, Народниот правобранител бидејќи не можеме ова повеќе да го издржиме. Го повикуваме европскиот амбасадор Ерван Фуере да не посети бидејќи едниствен спас гледаме во него“ вели Цветковски.

Во локалниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ екипата на Алсат-М ја пречекаа само неколкумина активисти. По веста за инцидентот нивниот број набрзо се зголеми. Пристигна и кандидатот Митевски според кој овој инцидент е дело на неговите противници за да се внесе страв кај неговите поддржувачи.

„Јас гарантирам дека сите мои активисти водат чесна кампања. За случајов слушнав дека имало инцидент, но кој како и со кого јас навистина не знам“ изјави Митевски.

Порпаролот на МВР, Иво Котевски потврди дека е пријавен инцидент и информираше дека по пријавата на Суфки две лица се повикани на информативен разговор, а дека истото ќе биде сторено и со третото кое било посочено од страна на повредениот.

Звонко Цветковски во вториот изборен круг ќе се обиде да го освои својот втор градоначалнички мандат во Петровец откако во првиот круг освои 2259 гласа и беше пред неговиот противкандидат Борче Митевски за кого гласаа 1712 граѓани.

Јане Димески
http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/11897.html
 

Attachments

Z

Zona Pelucida

Гостин
Цццц се ќе чуеш од владава,срамота,ќе им дојде судниот ден и на Гвујо и на Јанклуловска со Алфите,,ни црква ни господ нема да ги спаси,типичен фашизам,само незнам народов до кога ќе трпи,гледа а се прави дека не гледа.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
секаде каде дпмне има кандидат во вториот круг лугето се ПОВИКУВААТ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР//..... ке ме потсети ли некој која година сме ??? да почна времето да се смета наназад???1948????
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
A dali go slusnavte Gruevski vcera ? Rece deka nezavisniot kandidat vrsi pritisok nad vmro-ovcite :( , Zamislete sto ke se slucese da bese vaka kako sto veli Gruevski , za 24 casa ke se uapsea site , so se gradonaclanik , stari i mladi.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Преродбата продолжува...
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.517
Поени од реакции
1.915
Бре Аљсат телевизија,најнеутрална и објективна била:nesvest::tapp:
 

McQ

McQ
Член од
15 мај 2008
Мислења
208
Поени од реакции
28
a imate li pojma koj e uopste Zvonko???
znaete li so sto se zanimavase pred da stane gradonacalnik?
ili koja mu e familijata?
E koga bi znaele bi svatile deka mestoto mu e vo petrovec ama malku podole nakaj idrizovo!!!!
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Цццц се ќе чуеш од владава,срамота,ќе им дојде судниот ден и на Гвујо и на Јанклуловска со Алфите,,ни црква ни господ нема да ги спаси,типичен фашизам,само незнам народов до кога ќе трпи,гледа а се прави дека не гледа.
pa dobro...ti svesna li si sto zboris:nerv::nerv::nerv::nerv:

ili najverojatno si zrtva na manipulacija...da..ova vtorovo-DEFINITIVNO
 

Kajgana Shop

На врв Bottom