Постои едно фотографско правило , дека окото на фотографот ја прави фотографијата , не опремата . Дури и со обичен дигиталец и без статив може да се направат посолидни резултати . Наместо статив , мобилизирај го апаратот на некоја тврда подлога .
Иван , сите ние овде сме аматери . Јас лебот не го вадам од фотографија . Со фотографија се занимавам една година . Ама и се посветив со цело мое битие .
Молња , не сум фотографирала , од причини што не ми е предизвик . Ама за следната бура ветувам ќе направам нешто .
Во секоја работа , ако ја работиш треба да и се посветиш , да читаш и усовршуваш . Секој нов ден да си подобар и подобар . Не е лесно знам , имаш падови и успони , креативни кризи и депресии . Ама тоа е убавината . Со фотографијата се спознаваш себе си и светот околу тебе , на начин многу поразличен од останатие луѓе кои не гледаат фотографски .
Ви стојам на располагање за сите работи за кои можам да ви помогнам .