Не ја најдов темата за просечната плата во Македонија , ја пренесувам веста (ГЛУПОСТА) овде :
Една кутија пелени може да се заработи за 2 работни часа, поправка на телевизор 5 часа.
Државната статистика пресмета дека просечната плата по работник за декември изнесува околу
20 илјади и 500 денари.
Вкупните трошоци пак за храна и пијалоци можат да се задоволат со 12 илјади денари. Според статисика, едно домаќинство да се поднови со нова машина за перење, фрижидер или телевизор треба да ја даде целата заработена месечна плата. За месечна карта за јавен превоз работникот ќе може да си ја плати ако работи 2 дена. За нов велосипед ќе треба да работи 5 дена.
Ако сакате да купите автомобил Фиат Пунто ќе треба да работите речиси 2 години. Или според статистика, 22 месеци. Ако ви се расипе за 1 час поправка кај механичар ќе треба да работите еден ден, за да ја измиете колата 2 часа, ако ви се дупне надворешна гума 3 дена. За да си платите задолжително осигурување, според истата статистика треба да работите 6 дена.
Во Македонија нема загарантирана минимална плата. Секој труд се вреднува различно. Просечно, според статисика за
7 работни часа дневницата изнесува 890 денари. Еден час пак се вреднува со 127 денари.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kolku-chini-trudot-vo-makedonija
- За која земја пишувате вие бе,нормални ли сте ? Добро кој им верува и за кого ги правите ваквите „статистики“ ? Ајде вие пресметајте колку е вистински просечната плата на работникот во Македонија (95 % од вработените) ако најниската плата е 6000 денари (100 евра) а највисоката 15000 денари или (250 евра). Да ви помогнам -
10.500 денари (175 евра) ПРОСЕК !!! И тоа е вистината, покрај не велам 33% ама реалните 20% невработени во Р.Македонија!!! Имате ли на ум
ВИСТИНСКИ да ги промените овие бројки или ќе си играте мајтап со сопствениот народ и понатаму!?