1608. - Во Лондон е роден Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир. Негови познати дела се „Загубениот рај”, „Вратениот рај” и „Химна на Христовото раѓање”. Умре во Лондон, на 08.11.1674 година.
1824. - Легендарниот латинско - американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска.
1905. - Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1910. - Во Виена умре Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. Освен лирски песни и балади, пишуваше поетски трагедии („Максим Црноевиќ”, „Пера Сегединац„), раскази и есеи. Роден е во Ковиљ, Бачка на 31.01.1841 година.
1940. - Во Северна Африка за време на Втората светска војна почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупациони трупи.
1943. - Кај селото Бараково, Горноџумајско, во борбата против една бугарска полициска заседа загина македонскиот револуционер, Никола Парапунов. Роден е во Разлог, на 01.07.1909 година.
1961. - Тангањика, бившата британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1997. - Во Брисел , генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.
2003: Студентски протести против Тетовскиот Универзитет
„Премногу е”, со оваа парола пред собранието започнаа студентските протести против легализација на Тетовскиот Универзитет, а продолжија со фрлање јајца и домати врз Министерството за образование и македонската
2001: Лидерската четворка на консултации кај Трајковски
Лидерите на четирите политички партии потписнички на рамковниот договор вечерва се на состанок со претседателот за да направат уште еден обид да се надминат недоразбирањата околу законот за локална самоуправа, што доведе до блокада на расправата околу овој закон во Собранието.