Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Ме нервира употребата на зборот "сленг". Има соодветни преводи, не мора тој збор да се користи исклучиво. Уште поиронично е кога луѓе се бунат за влијанието на неологизмите и како тоа им смета затоа што им го сменува локалниот сленг. Дај не заебавај.

Ме нервира и кога се користат неологизми само за да се изгледа модерно или пообразовано. Еднаш читав текст од новинар кој кажа дека некоја личност се однесувала, пазете, екстраординерно. Не извонредно, екстраординерно. Што е следно, некој што е исклучително добар во својата работа ќе биде аутстендна личност?

И уште ова. Ме нервира кога луѓе мислат дека можат самоволно да го сменат јазикот. Еднаш читав тема отворена од форумџија за разликата меѓу навивачите и навиЈачите. Демек имало разлика, првиве биле оние активните ултраси и авторот на темата бил таков, а останативе се само обични гледачи. Рамно на самоубиство.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
прилагоди > приспособи
допринос > придонес
касни > доцни
овогодинешниот > годинешниот/овогодишниот
интелегенција > интелигенција
корегира > коригира
било кој > кој било (каков било, каде било, кога било...)
взаемно > заемно

Обожува ми е омилена хиперкоректност.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
прилагоди > приспособи
допринос > придонес
касни > доцни
овогодинешниот > годинешниот/овогодишниот
интелегенција > интелигенција
корегира > коригира
било кој > кој било (каков било, каде било, кога било...)
взаемно > заемно

Обожува ми е омилена хиперкоректност.
За ова сигурна си? Прашувам бидејќи зборот веројатно е тесно поврзан со корекција, па малку не ми е логично :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
За ова сигурна си? Прашувам бидејќи зборот веројатно е тесно поврзан со корекција, па малку не ми е логично :)

Да. И интелигенција доаѓа од интелект, па нема теле во тој збор :)

Станува збор за редување на вокали, кое се јавува и кај визуализира (од визуелно) и актуализира (од актуелно).
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.010
- сФатив, а не сВатив

- чуВство, чуВства, чуВствителност

- неколку страниЦИ од книгата
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
У=во
Шо=што ..... ова се слуша секој ден и мислам дека е катастрофално :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.658
Поени од реакции
14.519
У=во
Шо=што ..... ова се слуша секој ден и мислам дека е катастрофално :)

Ако си од источна Македонија не гледам што е катастрофално, извини што не сме од Скопје бе БРАТ
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ако си од источна Македонија не гледам што е катастрофално, извини што не сме од Скопје бе БРАТ
Ако си од Скопје ќе видиш дека 90% зборат така :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако си од источна Македонија не гледам што е катастрофално, извини што не сме од Скопје бе БРАТ
Стварно, убаво ти рекоа. У, шо, уствари баш нон-стоп се користат во Скопје. Шо ти е, нешо ми се дешава и уште многу други примери кои Скопјани ги користат...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.658
Поени од реакции
14.519
Епа тоа не се грешки, тоа е дијалект, не сме ние криви што скопјани зборат така
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ме нервира употребата на зборот "сленг". Има соодветни преводи, не мора тој збор да се користи исклучиво.
А кои се соодветните преводи на „сленг“? Чкртни едно три-четири, да знаеме.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
А кои се соодветните преводи на „сленг“? Чкртни едно три-четири, да знаеме.
Нема, колку што знам. Што не значи дека сленг е македонски збор. Во превод може да се користи "уличен говор" или слични синоними поради недостигот на соодветен превод.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Нема, колку што знам. Што не значи дека сленг е македонски збор. Во превод може да се користи "уличен говор" или слични синоними поради недостигот на соодветен превод.
Ако нема, не треба да те нервира употребата на „сленг“. Сленгот не е „уличен говор“ -- сленгот се зборува насекаде, од зелени пазари, до универзитетски амфитеатри -- се употребува на сите можни локации и го зборуваат (и пишуваат) сите демографски категории. Секако, не со иста фреквенција и не истиот тип на сленг. Ако читнеш малку социолингвистика, ќе ти стане јасно дека сленгот нема врска со улицата ами со формалноста на регистерот и возраста. Во македонскиот нема преводен еквивалент за „сленг“ ниту пак има синоними и не е трагедија ако ги нема. Затоа, малце полабаво, не се нервирај.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Прочитајте ја оваа срамота !! :facepalm:

Васко Наумовски ќе биде нов амбасадор на македонија во Вашингтон, дознава Сител од дипломатски извори. Поранешниот вице премиер за евро интеграции ѓе го наследи Зоран Јолевски во амбасадата во САД.
Дарко Ангелов пак ќе биде ново амбасадорско решение за Атина и ќе седне во фотељата на досегашниот амбасадор Сашо Стевков.
Од Министерствотоз а надворешни во амбасадорската позиција во берлин се сели Ненад Колев.
Ова се три од решенијата кои владата ги достави до претседателот и кои добија зелено светло од шефот на државата.
Според извори на сител Пајо Авировиќ заминува од Амбасадорската фотеља а на негтово место во мисијата на Македонија во Светската организација доаѓа Васко Андоновски, дипломат од кариера кој од новинар преку МНР беше на служба во амбасадата во Рим а потоа беше и заменик амбасадор во Пекинг.
Авировиѓ пак се враѓа во Тел Авив, амбасадата која ја напушти за позицијата во Обединетите Нации.
Меѓу ротирачките амбасадори се и Веле Трпевски од Тирана и Стојан карајанов од Приштина. Досегашниот амбасадор во косово се сели во Албанија додека Трпевски заминува во амбасадата во Австралија.
Досегашниот амбасадор во Хаг Никола Димитров заминува во Москва а на негово место доаѓа актуелниот амбасадор во Словенија Игор Попов.
Илија Исајловски од Москва заминува во пекинг а од таму во Италиај се сели Оливер ШШамбевски.
Фуад Хасановиѓ од Катар се сели во Сараево а на негово место доаѓа Шабан јашари. Агрон Буџаку добива нов 4 годишен мандат во париз.
Василка Попоска Тренеска најверојатно ѓе го наследи својот сопруг Мартин Тренески како амбасадор на македонија во НАТО.
Министерството за надворешни работи сега ги подготвува барањата за агремани за идните амбасадори, процедура која може да трае и неколку месеци.
Славица Арсова

http://www.sitel.com.mk/mk/devet-rotacii-i-shest-novi-iminja-esenska-ambasadorska-smena
 

Kajgana Shop

На врв Bottom