Од оние кои не ги владеам (и неможам да ги судам по ништо сем по звучност) ќе речам француски. Од оние кои ги владеам, без двоумење: англиски!
Како што рекол George Bernard Shaw: „Невозможно е за Англичанец да ја отвори устата, а да не натера некој друг сограѓанин да го мрази.“
Еден од најбогатите јазици според мене, исто така уништуван секојдневно (многу повеќе од „малите“ јазици) поради глобализацијата и тенденцијата секој со него да се служи, умеел или не умеел.
Многу луѓе го сведуваат на лимитираниот „глобиш,“ а е многу повеќе од тоа. Марк Твејн рекол дека во неговата новела Хаклбери Твин има 17 различни дијалекти! Еден од најчесто збогатуваните, ревизирани јазици, кои се движат и живеат и растат. За разлика од заробениот од бирократија француски на пример. Најбогат и најчесто надополнуван со нови зборови. Според некои проценки во денешниот англиски постојат повеќе од 1 милион зборови - просечен Англичанец знае околу 14,000 - за споредба вокабуларот на Шекспир бил 24,000 (кој самиот истовремено измислил и го надополнил јазикот со 1,700). Колку од нив користат глобалните самопрогласени „енглези“ тогаш?
Игрив, полн со синоними, идиоми, певлива граматика, страшно богат семантички. Можеби македонистите треба да се замислат во обидите да не го помрднат македонскиот цели 50 години , а во меѓувреме дозволија да изгуби плејада од зборови под напливот на неписмени! ДА СЕ ЗБОГАТИ МАКЕДОНСКИОТ!!! :salut: