КОРИНТЈАНИТЕ 13:2-8
Да зборувам на сите човечки
јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар,
што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам
сите тајни, да го имам сето знаење, а и
така силна вера, што и планини да преместувам,
ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори, -
штом љубов немам, ништо не ми користи
Љубовта е великодушна, полна со
добрина, љубовта не завидува, љубовта
не се превознесува, не е горделива,
не е непристојна, не бара свое, не се
срди, не памти зло,
не се радува на неправда, туку се радува
на вистина,
се покрива, во се верува, на се се надева,
се поднесува.
Љубовта никогаш не пропаѓа. А
пророкувањата? Ќе минат. Јазиците?
Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
Зашто само делумно спознаваме и
само делумно пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.