Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Крипи очи, ужасен нос, лошо распоредени црти и чудна форма на лицето, целовкупно дава некој језив вајбНајубавата жена на светот (со видео) од 4:07 до 5:44, ставете цел екран:
Не можам да издржам повеќе, ја мислам од вчера. Пред неколку месеци гледав документарец за Саудиска Арабија и тогаш прв пат ја видов. Вчера го гледав документарецот пак и не може да ми излезе од глава. Арапка е, волшебна долга црна бујна коса, благо виткана како што точно сакам, да не е права ама да не е ни афро. Контраст на егзотичен кафеафкасто-чоколаден тен со светли очи на божица што се преливаат помеѓу зелени и сини и заради кое се мрднуваш од мозокот и се запрашуваш за смислата на своето постоење. Полно усте мед да посакаш да си дијабетичар за да го пробаш, да умреш и да не жалиш. Поради неа Мухамед ја измислил бурката во исламот, криминал е тоа лице да постои на светот и секое говедо да може да го види. За овакви жени се давале сите камили, единствениот бунар во дијаметар од 500 километри со питка вода, цело имање, литар крви, обе руке. Им го сечеш вратот на сите што ќе ја погледнат, ако претходно тие не ти го исечат тебе, и на крај ако ти си тој што им ги исекол главите на сите други и даваш прстен и сабја и и викаш-Или стави го прстенот на рака, или забиј ми ја сабјата во панкреас, трет начин за мене не постои. Да, во потполност го сфаќам исламот сега и колење меѓу себе и бурки и 5 метарските ѕидови пред куќите и каменување за имање секс пред брак. Абе за неа да ја љубиш треба со закон да не видиш ниедна друга вагина ни пред ни после неа, ни никогаш во животот ни во живо ни на екран, па и тоа не е доволно. За неа би се прекрстил во Сељим, би престанал да јадам свинско, да пијам алкохол, би станувал во 4 сабајле да се молам, а ако ми даде трејлер 30 секунди да ја видам гола како најава за што ме чека, многу веројатно би направил и сунет кај оџата во Слупчане. А ако се погоди кучка, да ми ја вади душата или да ми ги цеди сите пари само ќе им го цитирам на сите Жељко Самарџиќ во Све је моје твоје:
"И рећи ћу свима, што ме зову и слепим и глупим,
Добро је док имам чиме да је купим. "
Не е хумано колку е убава. Лепота што боли ќе каже маестро Саша Матиќ. Пенисите и како полови органи и како синегдоха за нивните носители односно сопственици не заслужуваат да бидат во радиус на нејзиното видно поле. Ареж, така се вика и после неа тоа име треба да биде забрането друга да го носи, како што на Франко Барези 6-ката во Милан никој не смее да ја носи. Пред да ја пуштам:
Гејови, ако гледате има шанси да почнете да се сомневате во својата сексуалност. Стрејт жени, истото важи и за вас.
Најубавата жена на светот (со видео) од 4:07 до 5:44, ставете цел екран:
Крипи очи, ужасен нос, лошо распоредени црти и чудна форма на лицето, целовкупно дава некој језив вајб
Прегледај го приврзокот 309528
Не шала на страна има егзотична убавина ама очеквев нешто по вау, од мене нешто слично на твоево во поглед на очи и уста, поубав нос и форма на лице и во побела верзија
Божица е Ксенија, ѕирни ги и другите видеа на каналот и помањачи и инста/фб.
![]()
Најозбилно. Секој кој не ги прочитал сите мислења кои Сусаро ги напишал на форумов нека ја откаже секоја обавеза што ја има во животот и нека седне во кревет со лаптоп во скут и нека го чита години наназад. Подобро читање него многу лектири од средно.
Сусаро е Кундера во најплодните литературни денови во периодот меѓу двете исклучувања од партијата