Најтешкото прашање на светот!

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ова е најтешкото прашање на светот кое никој не го одговорил.
Тоа е прашањето --Кој сте вие?--
Кажи ми од каде процени дека баш ова е најтешкото прашање на светот (кое никој не го одговорил)?:uvo:

Има многу за филозофирање на оваа тема, ама мене ме мрзи да штракам по тастатурава без веза, а и мислам дека публика немам па затоа ќе оставам на џаболебарите да си тераат мајтап на темава. ај чао:helou:
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361

Не , има многу неодговорливи прашања од типот : Зашто виршлите се паковаат по 8 , а кифлите по 6 :pos: Ама работата е што за тоа прашање можеш да поставиш теза/теорија зошто е возможно тоа да е така , а за ова неможеш да поставиш нити теорија Кој си , нити пак имаш опција.
Тоа беше работата, инаку не викам дека е најтешко , туку едно од неодговорливите.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
А зошто да не е одговорливо? Ако прашуваш Кој сум јас? во смисла што е тоа што мене ме прави посебен? Што е тоа што мене ме индивидуализира, што ме идентификува, ме дефинира, можам да ти дадам одговор. Секој може да ти даде одговор на тоа прашање.
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
А зошто да не е одговорливо? Ако прашуваш Кој сум јас? во смисла што е тоа што мене ме прави посебен? Што е тоа што мене ме индивидуализира, што ме идентификува, ме дефинира, можам да ти дадам одговор. Секој може да ти даде одговор на тоа прашање.
Епа проблемот е што не е ни баш некој одговор .
Ако одговориш со името - Не кажуваш кој си , кажуваш како се викаш
Ако одговориш што работиш - Не кажуваш кој си , кажуваш што работиш
Ако одговориш со хоби - Пак не кажуваш кој си , само кажуваш што сакаш да правиш
Ако одговориш со интереси - Пак само интересите ги кажуваш , а не Кој си
.....
Сите можни одговори кој ќе ги дадеш се одговори на некој други прашања , а не конкретно на бараното :)
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Сите мои карактеристики ме дефинираат, го дефинираат мојот идентитет. Тоа би одело во форма: Jас сум тој што... кажуваш нешто што те дефинира, што те издвојува. Подобар одговор неможеш да составиш.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе ми даиш или да ти побарам ?
 
ssseee

sangreBLANCAenMISvenas
Член од
25 јули 2008
Мислења
228
Поени од реакции
5
зошто се во животот трае краатко, па дури и самиот живот?
 
By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
зашто на сите прашања постојат одговори, а нема одговори за прашањата на мојот тест????
 
Член од
10 септември 2008
Мислења
65
Поени од реакции
23
Ова е најтешкото прашање на светот кое никој не го одговорил.
Тоа е прашањето --Кој сте вие?--
Abe dobra poenta imas tuka, kogo i da prasas da ti kaze KOJ E ustvari, nema da znae da objasni zatoa sto najtipicno za covekot e da pravi nekoi novi raboti koi ne licat na nego. Toa e zatoa sto ne e odreden. Ke bide odreden po smrtta i toa od strana na najbliskite vrz osnova na vpecatokot sto go ostavil i delata sto gi napravil........mn filozofiranje e na vaa tema...pozz
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сите мои карактеристики ме дефинираат, го дефинираат мојот идентитет. Тоа би одело во форма: Jас сум тој што... кажуваш нешто што те дефинира, што те издвојува. Подобар одговор неможеш да составиш.
Еј ама го затупе. Извини на односов ама стварно. Прашањето “Кој си ти?“ е неодговорливо само по себе бидејќи не бара опиплив одговор.
Можеш да речеш дека ти си... нешто што те издвојува, ама убаво рече, подобар одговор неможеш да составиш, само што тоа е лага. Го состави одговорот, не ти дојде сам од себе бидејќи е вистинскиот на прашањето.

Тоа е навистина тешко прашање. И секој малку подлабоко размислен одговор ќе биде разочарувачки за нас како животински вид. :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom