Одиме по ред :
Перење - Не е воопшто тешко зашто машината пере, а оние работи кои не се за во машина се малце, за на рака да се исперат.
Спростирање алишта - Ниту пак ова е тешко, повеќе е заморувачко и досадно да се дружиш со штипките.
Пеглање - Зависно ако некој пегла се, од гаќи до завеси, тогаш е стварно напорно.
Готвење - Воопшто не ми е тешко, напротив задоволство ми претставува, а и добар афродизијак е
Миење садови - Ова и го избрав на анкетата, не дека е навистина тешко, туку е заморувачко, затоа што го практикувам секој ден минимум два пати и рацете ми се сушат :icon_evil
Работа со правосмукалка - Воопшто не е тешко, 10 до 15 минути два пати неделно е сосем доволно.
Бришење прозори - Да напорно е, ама не се бришат секој втор ден, така да се поднесува.
Бришење прашина - Ниту пак ова, доволни се 15тина минути секој втор ден.
Чистење на загорени површини - Убиство, затоа и гледам да не загорат
Чистење на WC - Не е толку тешко, колку што е одвратен мирисот на јаките абразивни средства кои фино ја завршуваат работата место мене, а и џогерот воопшто не е тежок за работа
