Goddess of Chaos
Nixe Nox
- Член од
- 16 август 2005
- Мислења
- 6.250
- Поени од реакции
- 229
Ако овоа е тажна песна, ја сум елен.
Песната е само просечна балада.
Бон Џови пред се, не поседува доволно инвентивност да креира една вистински тажна и меланхолична песна која ќе те погоди.
Може само да ја сервира доколку претходно е изработена целосно од одреден продуцент, па он само да ја сервира.
Пеер, ги преценуеш и ти.
Луѓето, сакаф да кажам.
Зарем навистина веруваш дека рецепторите за бедирачки емоционални импулси кај сите се на исто ниво на твоите?
И мене секогаш ова ми е првата реакција, арно ама ако минимално размислиш, ти текнуе дека нажалост/насреќа/море неутрална бичу веќе одамна си сфатил дека навистина постојат луѓе чии целосни животни филозофии најскрознајискрено можат да бидат стаени под знак прашалник поради песна од Цврчак која одговара на нивните критериуми за квалитетен бед.
Има бендови кои од човечката тага, која понекогаш знае да биде и многу едноставна, па и себична и неблагородна, но претешка за поединецот; прават комплексна виртуозна уметност.
Но нивната уметност за тагата ќе биде препознаена само од оној кој ја размислил и разглобил сопствената до таа фреквенција.
За останатите ќе биде залудно дркање.
А тоа не значи дека и они неможат да го осетат истото, со ист интензитет, него...
Ја ќе морам да кажам, нешто ново шо сум приметила, Supergirl од Reammon.
Ми враќа еден тажен вкус, кој мислам дека е чисто базиран на специфични спомени за некои веќе мувлосани делчиња од мене, а од друга страна ме полни со сила.
И тоа не е некоја моќ што кога ја чувствуваш како ти тече низ вените те прави среќен, туку ти влева тврдо, главо-кревачко чувство. А тоа е сосема доволно.