Мене поим за стравотија не ми е како изглеа створот и дали ќе рипне ненадејно, него колку е језива играта и каква е општо атмосферата. Најстрашни игри досеа ми биле Undying - крај! Исто Alone in the dark i Silent hill сите ама посебно втората, некако најјезива ми бече прикаската.
Игри од типот на Doom или Resident Evil ми се онака прилично рутински, страшни на почеток али после извесно време се навикнуваш. Коа ја почнав Doom3 ми беше ептен страшна, али коа ги научив сите створови, ситуации и како се тепаат ми помина у рутина и немаше моменти шо можат онака да ме извадат од памет.
Е сеа F.E.A.R. ја неам уште играно а слушам секаде дека е ептен страшна.... али ми е прва на список за играње летово (у моментов неам време за игрици).