Во секој случај дека кафето Копи Лувак е скапо, но добиваш тоа што плаќаш.
Од наредните три плати се решив да ги заштедам сите и да купам 100 грама кафе од Копи Лувак.
Штом пристигна веднаш го пробав и можев да кажам од одма дека тоа не е кафе Рио, Елит, Дон, Франк или што ти ја знам какви петпарачки кафиња.
Можеби изгледа исто, делува исто, има сличен вкус, ама не е кафе од 2-30 ден.
Ова е кафе со стил кое чини 400 долари за 100 грама. Имав и среќа да начекам попуст од 100 долари и така да заштедам некој денар.
Планирам да купам за брзо еден килограм кафе дури е на попуст и да заштедам пари за фамилијарен годишен одмор во Турција ол инклузив.
Понекогаш се жалат домашните дека нема што да јадат и оделе голи и боси, но тогаш само им давам да помирисаат од аромата на Копи Лувак и да ја затнат муцката.
Навистина го препорачувам на сите да пробаат и да осетат живот со стил.
Сега разгледувам понуда од банки за да ја ставам куќата под хипотека и да купам златен сервис за кафето Копи Лувак.
За 400 долари купуваш некоја 4 та класа. И плус мешано. Многу е копирано. Од оригинал подобро нема. Верувам и уживај си со твојата верзија на Копи Лувак што ја кажуваш. Во разговор со консуматор на тоа кафе ми беше кажано дека има многу копии и мешавини под тој назив.
Јас не го продавам но само сум пробал.
Зарадк луѓето постојат класи на поради тоа постојат класи на продукти.
А дали имам немам не е твоја работа. Ако се секираш ќе ти дадам Пејпал и донирај парички.