Најскапиот лек во светот пуштен во продажба

Член од
17 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
Од неодамна е пуштен во продажба најскапиот лек во светот Zolgensma. Од Швајцарската компанија "Новартис",која го произведува,велат дека една доза ке чини 2,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.Лекот е наменет за деца помали од 2 години кои се заболени од спинална мускулна атрофија.
Станува збор за за ретки исцрпувачки нарушувања кои се карактеризираат со дегенерација на пониските моторни неврони.
Како ретка,вродена,прогресивна невромускулна болест предизвикува мускулна атрофија и слабост кои можат да водат до животозагрозувачки компликации.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
4.902
Поени од реакции
4.013
А што содржи лекот , или што доведува до таква баснословна цена?
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
565
Поени од реакции
827
Лекот го надоместува генот кој недостига кај тие деца. Генот се внесува во клеточното јадро преку еден вид на вирус. Всушност активната состојка е тој генетски модифициран вирус.
Скап е зашто се смета дека со една доза настапува излекување, што значи нема потреба од долготрајна терапија. Дали ќе испадне баш така, останува да видиме
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
1.975
Поени од реакции
1.670
Има ли некој што веќе го купил овој лек и го употребил, се знае ли дали има навистина добри резултати?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.469
Поени од реакции
6.320
@Tutor Целата процедура на иновација и тестирање на лековите и медицинските помагала кошта најмалце 6 милијарди евра. Кога се работи за лек кој е применлив кај голем број на луѓе, како на пример лек за висок притисок или атописки дерматит (заболувања кои ги има релативно висок процент од популацијата) трошоците за истражување и развој за лековите се распределуваат и лекот може да има релативно ниска цена. Но, кога се работи за лек за некоја болест која е исклучително ретка (тие се нарекуваат ORPHAN болести и лекови), тука веќе секогаш трошоците се огромни, особено што истражувањето е долго и макотрпно, а од друга страна има многу мал број пациенти на кои им е потребен лекот. Иако цената од два милиона долари за доза изгледа огромна, веројатно и таа цена е одење „на ѕивана“ и субвенционирана, особено што се работи за генска терапија.
@pozdrav eden topol Во однос на ефикасноста, како што кажав, лекот подлежи на крајно ригорозно тестирање. Се прават клинички студии во најмалку четири фази (предклиничка фаза на животни, плус три фази на доброволци учесници) под контрола од ЕМА и FDA што ја следат секоја точка и запирка од развојот и истражувањето.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
565
Поени од реакции
827
@AlternativeF pa i ne e bas taka. Lekot bese registriran po skratena postapka so relativno mala studija od nekoi 20-tina pacienti. Potoa se pokaza deka Novartis gi manipiliral pretklinickite podatoci za da vleze vo skratena postapka...Poradi toa evropskata agencija gi simna od skratena postapka i lekot uste ne e registriran vo EU. A vo USA ke se raspravaat so tuzbi od osteteni investitori.

Da ne se razbere deka lekot ne e Ok. Moze i da e. Ama ostava damka koga se manipulira sistemot.
 
На врв Bottom