Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
И пак јас. Прашања за оние кои професионално се занимаваат со греење или евентуално имаат лични искуства. Колкав број ребра (радијатори) се потребни за 1 метар квадратен за стандардно греење, а колку за нискотемпературно греење (греење при кое температурата на водата во радијаторите не надминува 45 степени)? Дали со поставување поголем број ребра од стандардите добиваме поголема топлина со исто искористување на енергија? Доколку не, зошто? Слободно препорачајте некоја книга, брошура или нешто слично каде тоа е објаснето или поставете линк за симнување. А, да, и дали гусани радијатори може да се користат за нискотемпературно греење? Фала
 
Да не знаеш некој да ми одговори на тоа што прашав погоре?
 
Не може само врз основа на метар квадратен, инаку што би работеле проектантските фирми. Има многу фактори од ориентација, за куќа или стан, станот ако е на приземје и поткровје има многу поголеми топлотни загуби, потоа врати и прозори какви, има или нема изолација и каква, ѕидови дебелина итн.
И самите производители на радијатори даваат податоци за вати топлина по ребро. Така да за радијатори иди до некој што ги продава и побарај податоци.
 
Имам прашање во врска со клима уредите, дали постои кај нас некоја тешност или спреј кој што се користи за чистење на испарителот од внатрешната единица, обично после извесно време се појавува лоша миризба, а пак кај мене после две год се појави миризба на влага или мувла . Не би сакал да ја размонтирувам - сметнувам внатрешната единица, пак затоа да прашам дали може вака со некој спреј , дали има кај нас и колку кошта, каде може да се купи.... Прочитав порано некаде по другите форуми дека има неколку типа на такви средства и тоа во вид на течност или спреј али ете баш сега кога мене ми затреба не можам да се сетам кои беа тие средства.Ајде ако некој знае нешто нека каже.
 
sakam da prasam imame parno doma i gree 140 kvadrati so muka :D nemoze da se povrze cela linija vo kukata e okolku 200 kvadrati bila kriva linijata ni rekoa majstorite ako ima nekoj so znae da mi prati kompanija koja sreduva takov vid na raboi :D i epten drva trozi 20 kubici :D a citam po netov 250 kvadrati od 12-15 ? :D ako moze nekoj neka pise :D
 
Ja sum na gas a i mnogu moi komshii isto koristat gas. Ne bih rekol deka e naj ekonomicno ama e naj lesno - kotleto e full automat i ne mu beresh gajleto, zimata mi obezbeduva topla voda i parno, lete samo topla voda.
 
Барам совети од поискусните што користат парно на дрва,куќата што ја загреваме е 200 квадрати
котлето е со 190-230 квадрати може да затопли Магел е српско некое веќе 10 години го имаме се ок доле на спратот е топло се ама горе е проблемот немозже да постигне а не работи со полна сила 150 само грее имате некој совети и ептен дрва лапа 20 кубици а луѓе читам 250 квадрати 12-15 метри трожат ако има некој совети и плус нон стоп избива еден вентил од парното и зезнато е ептен неможе да поврземе се сите 200 квадрати крива била линијата нешо бла бла ми рекоа мајсторите ако има некој совети од поискусни многу се добредојдени и некои фирми кој се занимаваат со овие проблеми .Видов една слична тема ама некој не враќа.
 
Има во Куманово 2 браќа местат парно и дечките ја си ја знаат својата работа перфектно. На нас дома ни наместија парно и немавме никаков проблем, во едната соба каде што ни е шпоретот ни беше ладно, а собата е многу голема па наместивне едно парно затоа што топлината од самиот шпорет не беше доволен. можеби додавање на уште некој радиатор на горниот спрат ке ти помогне. Доколку сакаш ке го пронајдам бројот па ке ти го дадам инсконтактирај со нив можеби ке ти дадат некој совет и ке ти помогнат.
 
Барам совети од поискусните што користат парно на дрва,куќата што ја загреваме е 200 квадрати
котлето е со 190-230 квадрати може да затопли Магел е српско некое веќе 10 години го имаме се ок доле на спратот е топло се ама горе е проблемот немозже да постигне а не работи со полна сила 150 само грее имате некој совети и ептен дрва лапа 20 кубици а луѓе читам 250 квадрати 12-15 метри трожат ако има некој совети и плус нон стоп избива еден вентил од парното и зезнато е ептен неможе да поврземе се сите 200 квадрати крива била линијата нешо бла бла ми рекоа мајсторите ако има некој совети од поискусни многу се добредојдени и некои фирми кој се занимаваат со овие проблеми .Видов една слична тема ама некој не враќа.
Oвој проблем само ти можеш да го решиш.
Никој нема да ти дојде за такво системче и да „ дреме “ тамо со недели да најде зошто така грее. Сам мораш да најдеш решение.
Тоа што горе немаш греење укажува дека имаш слаба циркулација на водата на горниот спрат односно системот не е избалансиран. Балансирање се врши со подесување на долните радијаторски вентили или навијци - зависи што имаш. На долниот спрат вентилите треба да се пригушат.
Тоа што трошиш многу дрва, може да покажува дека котелот ти е неквалитетен, но уште повеќе може да биде последица на тоа што дрвата се влажни, не ти чини оџакот, не тие е регулиран доводот на воздух или невешто го ложиш.
Во ова летна ситуација, ти советувам, да го исчисиш оџакот и котелот и да подготвиш суви дрва. Домаќински дрва се купуваат и складираат барем една година однапред. Можеш да го смениш вентилот што постојано избива, бидејќи можно е да е неисправен.
И чекај да почне грејна сезона, кога ќе експериметираш и ќе најдеш начин да ја поправиш работата на греењето
 
Видов една слична тема ама некој не враќа.
И што да правиме, да отвориме уште 10 други теми додека некој не почне да „враќа“?
Ги префрлив мислењата во веќе постоечката тема, не практикуваме дуплирање на темите на форумов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom