Ова нема врска!Моноблок топлинска пумпа воздух-вода има само надворешна, нема внатрешна.
Цевките од вода се носат надвор до уредот каде водата се грее па се враќаат внатре.
Поради тоа има големи топлотни загуби. Исто и опасност од замрзнување и пукање на цевка.
"Добро" е тоа што при монтирањето нема никаква работа со фреон, вакумирање и слично.
Сплит систем топлинска пумпа воздух-вода е подобро решение. Загревањето на водата ќе биди во внатрешната при што загубите ќе се намалени, системот ќе има поголема енергетска ефикасност.
Тој Мунта е човек кој што има канал на YouTube со цел да направи заработка, постојано вели претплатете се.Ова нема врска!
Сплит пумпата има други предности над моно-блокот, ама тоа сигурно не е "загубата" која е скоро непостоечка!
И пред година и нешто ви го препорачав (на сите тука) Мунта ака Heatmaster на ЈТ, ама очигледно никој не го прати..
Да го пратевте немаше да се палите (pun intented) на пропан-Р290![]()
Kolko ke kosta za 100 kvadrati sprat vakva investicija?Toplotna pumpa Michubishi ,vozduh ,voda so podno greenje.Najeftino
Настрана кој е Мунта и колку знае...Тој Мунта е човек кој што има канал на YouTube со цел да направи заработка, постојано вели претплатете се.
Видеото со R-290 го снимаше навечер за што поголем ефект да има кога тој пропан гори и што повеќе гледаност да има како би направил поголема заработка.
На модифициран пламеник поврза Р290 и го запали као да покажи демек колку е тоа опасно. Нешто што секој го знае. Мунта има Hitachi monoblock и само за неа кажува.
Сите брендови на топлински пумпи кои работат на Р290 се моноблок. Тоа значи и да дојде до некое протекување на гас тоа е надвор, а не внатре. И не значи дека ќе се запали така само од себе
Даикин Алтерма 4 работи на Р290 и е сплит систем се поврзува со внатрешна ама хидро-сплит, слично како моноблок.
Сепак загревањето на водата се прави надвор.
И за хидро-сплит е Мунта против и не е во право.
Значи јас лично сум за топлинска пумпа сплит на Р32 каде што загревањето на водата се врши во внатрешната со што надворешните фактори немаат никакво влијание.
Внатрешната да биде со интегриран пуфер или бафер или да го наречиме бојлер, кој што ќе прај акумулација на топлина. Надворешната прај дефрост, нема проблем, системот си користи од таа акумулирана топла вода. И за ова Мунта е против и мислам дека не е во право.
Убаво би било и таа внатрешната да биди smart grid каде што јас ќе можам да внесам периоди кога е ефтина струја и системот да се оптимизира да работи повеќе во тие периоди...
Мунта не знај ништо за тоа а се прај као тој е најпаметен а другите се глупи. Не ги пратам неговите видеа едноставно ми е одбивен човекот.
Ако негде процури плинот, ќе процури кај што е најслабо! А тоа ти е плочестиот изменувач!
Значи ќе процури во надворешната, надвор.Плус пропанот не е дезодориран како во плинските боци, туку уопште нема ни мирис, ни вкус, ни боја...
Не можи да пробие внатре, си има заштита да не дојде до мешање на гас и вода.Дали имаш подно, фенкојлери, или радијатори.. сеедно..
Ќе пробие негде внатре!
Нема искра. Цела електроника што можи да предизвика искра е во посебна кутијамала искра, и бум!
Човек, значи стварно не разбираш...Значи ќе процури во надворешната, надвор.
Нема вкус, мирис, боја... ама има сензор кој детектира процурување.
На овој сензор системот прави дијагностика на секој саат.
Доколку стварно има процурување тогаш вентилаторот работи на најголема брзина за да го исфрли тој гас надвор.
Прегледај го приврзокот 448466
Не можи да пробие внатре, си има заштита да не дојде до мешање на гас и вода.
Прегледај го приврзокот 448467
Нема искра. Цела електроника што можи да предизвика искра е во посебна кутија
Прегледај го приврзокот 448468
Е сега ако си као Мунта и сакаш намерно да предизвикаш пожар, тоа е друга работа...
Zavisi dali imas podno ili sakas radijatori.Pumpata e 7000e ,jas imav na struja podno,go prenameniv na toplotna.Kuka od 150 m2 smetka plakam 8000 do 9000 den mesecno,struja sve kompletKolko ke kosta za 100 kvadrati sprat vakva investicija?
Значи начинот на кој ти размислуваш е моноблок и дирекно грејно тело.Човек, значи стварно не разбираш...
Си се фанал за тоа "надвор" "надвор"..
Не постои такво нешто! Не знам како го замислуваш ти тоа "надвор"?'
Пробие ли плочестиот изменувач... кај сака нека биде сместен! Не е ова клима!
Директ во водата оди... а да биде бељата поголема, баш на греење е притисокот во него најголем...
Значи зборуваме за 150-200бара притисок!
Деараторот што си го постнал не е никаква заштита од тоа, за сосем друго е проектиран! (не го разбираш како работи, жалам)
Кило плин е во прашање (и тоа втечнат)!
Следна слаба точка ти е внатрешната инсталација.. или у превод внатре у куќа го добиваш!
Дали ќе направи стехиометриски омјер, или ќе се сталожи на подот.. тоа е веќе хипотетичко размислување!
Ама ова се факти, и тие факти ти го кажуваат ризикот!
Ризик кој е не е мал, и е сосем непотребен во старт!
Истото важи и за р32, ама кај кај е тој побезбедон од пропанот...
Здраво,Zavisi dali imas podno ili sakas radijatori.Pumpata e 7000e ,jas imav na struja podno,go prenameniv na toplotna.Kuka od 150 m2 smetka plakam 8000 do 9000 den mesecno,struja sve komplet
Не мислеле... морале..Значи начинот на кој ти размислуваш е моноблок и дирекно грејно тело.
Настанува проблем во надворешната, фреонот оди во водата и поради зголемениот притисок настанува хаварија. Па така сега покрај тоа што дома имаме поплава, имаме и пропан кој треба само една искра да се запали и да одлетаме во свемирот
Забораваш дека станува збор за хидро сплит.
Помеѓу надворешна и грејно тело имаме и внатрешна а на влез во внатрешна прво имаме електронски shut-off вентил.
Прегледај го приврзокот 448498
а - влез во внатрешна од надворешна
б - излез од внатрешна према грејно тело.
Епа на влез го имаш овој вентил.
И еве која е неговата улога
Прегледај го приврзокот 448499
Спречува протекување на фреон од надворешна во внатрешна.
Ајде и таа заштита да речиме не е доволна.
Понатаму имаш еден куп вентили што ќе го стабилизираат тој притисок во цевките.
Pressure bypass valve, Pressure relief valve... Значи внатрешната е поврзана на одвод за кога тој вентил ќе исфрли вода со цел да се стабилизира притисокот, таа вода иди во одвод.
А имаш и Air Purge Valve кој што ќе го испушти фреонот надвор преку црево кое е поврзано на отвор за вентилација на внатрешната или chimney се вика, оџак во превод...
Значи муабетот ми е, не е се така како што мислите ти и Мунта. Поплава, пожар, експлозија... ма немој.
Мислеле јапанците на секое можно сценарио, има заштита и во надворешна и во внатрешна.