Благодарам за дополнителното објаснување.Да не биде само боокмарк, секој што разбира Ексел може сам да си направи ексел таблица за да пресмета капацитет, T2 или COP
Прегледај го приврзокот 287387
Само 3 Формули има во Екселот ставени во 3 келии (cells) на позиции H5, B5 i E10.
Formulite se slednive:
H5: ="T2="&ROUND(I3+(H3*3600)/(E3*G3);2)&" °C"
B5: ="Q="&ROUND((E3*B3*(C3-D3)/3600);2)&" Kw"
E10: =(ROUND((E3*B3*(C3-D3)/3600);2)*1000)/E9
И сам знаеш дека никогаш на оваа тема не сум се впуштил во дискусија дали е подобро кинеско или јапонско од причина што сметам дека секој треба да си одлучи првенствено од длабочината на својот џеб, а потоа од потребите на просторот - едно со друго е некако поврзано ова.
Ценам кога некој што има знаење одвојува време.
Тоа го мислам за тебе, за златко и за мн други членови тука кои иако немаат можеби толку знаење се желни да споделуваат корисничко искуство во однос на тоа како си поминуваат со загревањето на просторот.
Искрено, криво ми е кога има препукувања едни со други но забележувам дека оваа е една од ретките теми на форумот во која иако знае да излиста страници и страници со препукувања сепак да даде квалитетни информации од прва рака и во однос на корисничко искуство и во однос на постручниот дел како ова што го постираш ти.
Како лаик кога тргнав во читањето на страниците сега барем имам некое оформено мислење околу греењето воопшто и што и како треба да правам за да постигнам економичност. Тоа е благодарение на темата и на членовите тука.
Поздрав дечки и помалку контрирање во однос на кинеско вс јапонско, повеќе вакви постови и ќе биде супер. Имаме одлична клима и зимите кои беа долги и студени се заменети со поблаги што во голема мера го олеснува начинот на греење со инвертерите.