@Lurtz ако не се лажам ти прашуваше пред неколку месеци како се нанесува оваа термо изолација? Дали ја проба и дали си задоволен?
Го пробал некој чудово, ефект, како се нанесува, вреди ли за парите?
Немам доволно ни време ни финансии за да нанесувам комплет од надвор на цела куќа стиропор или нешто слично, али сакам да менувам деновиве пвц дограма на 2 соби во кои грееме и покрај дограмата размислував дали да ги премачкам внатре/надвор со ваква изолација, било какви совети и сугестии се добредојдени.
Исто и дограмата кој бренд го препорачувате, видов различни и сите варираат прилично во цените, па совети на што да внимавам би ми биле добредојдени.