Зависи од просторот, не толку од климата. Затоа неможе да се одговори
Но може да се каже ако знаеме колку трошеле пред тоа.
Значи ако еден стан трошел 9000 денари месечно со панелки, тој месец со инвертери ќе е 3500 денари. Рецимо јануари. За Март ако трошеле 3000 денари, со инвертери ќе е 900 денари.
Тоа е SCOP при соодветна моќ на климата.
А зошто неможе да се каже:
1. Стан од 38м2 со Даикин FXTF50 без изолација, стари дрвени прозорци одозгора трска. Ќе троши 1.5х5х24х30=5400 денари.
2. Исто време стан во соседната зграда со ПВЦ прозори и стан испод и изнад ќе троши 0.4х5х24х30=1500 денари.
Истата клима, ист месец исто се 3 пати разлика. Затоа што просторот е различен. И бара различно оптеретување од климата. Исто ќе е и со панели и со дрва. Еден простор користи 3кубика, друг 1 кубик. Итн.
Климата ќе потроши најмалку денари по испорачан киловат час топлина. Тоа е тоа што треба да се гледа. А не колку пари ќе потроши. Згора на се некој сака 22ц, некој друг сака 27ц дома.