Најекономично греење и ладење

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.515
Па може да ми донесат од србија ако не најдам тука, а и не најдов по огласиве кузнае како им е напишан огласот....а за сам да го направам делови од кај ?
Ако си заинтересиран пиши ми пп, јас ке ти го направам.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Барав по форумов па овде ми изгледа најдобро за да прашам.
Сакам да земам вентили за парно. Кои се подобри/поквалитетни. Џакомини или Херц?
Едни ми велат едните, други другите и да не знаеш на кого да веруваш :D
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Bez razmisluvanje, i ne moze da se pravi sporedba pomegu Herz i Gakomini. Kaj nas Herz i Caleffi se edni od podobrite (da ne kazam najdobri) na pazarot, ako mozes da najdes Danfoss uste podobro zasto porano imase i kaj nas.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Сакам да земам вентили за парно. Кои се подобри/поквалитетни. Џакомини или Херц?
Херц и мене ме советуваа, и Херц земав... искрено разликата во цена и не беше огромна.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Има ли некој искуство со мобилни клими?
Мојата соба е во поткровје и има шанса да не може да се монтира компресорот никаде, па сакам да ги имам во предвид како алтернатива. Собата е помала од 20 квадрата, така да не би требало да има проблем ни за ладење ни греење, само ми смета што бучавата им е над 60 децибела.

http://advancemedia.com.mk/shopping/vivax-cool-mobile-acp-09pt25aec/p/10402

http://advancemedia.com.mk/shopping/vivax-cool-moblie-acp-09pt25aeh/p/10401
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498

http://www.youtube.com/watch?v=tsjXBJkVRHI
http://www.youtube.com/watch?v=uPMDOdeGqcM
Функционалноста што ти треба ке ја решиш со вакво, само проблем е цената :(
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
http://www.youtube.com/watch?v=tsjXBJkVRHI
http://www.youtube.com/watch?v=uPMDOdeGqcM
Функционалноста што ти треба ке ја решиш со вакво, само проблем е цената :(
Немам ѕид за такво нешто, собата е во поткровје, и има само еден заѕидан прозор на кој може да се закачи компресор.
Проблемот е да се качи компресорот, треба да се изнесе на кровот некако, и малку е незгодно. Деновиве треба да помине монтер да ми каже дали е изводливо, па ако не е ке морам да смислам некој друга солуција.
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184

Причекај го монтерот. Не можеш да споредуваш мобилна клима и инвертер. Ако можеш стави инвертер и капата накриво............барем до -7
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има ли некој искуство со мобилни клими?
Мојата соба е во поткровје и има шанса да не може да се монтира компресорот никаде, па сакам да ги имам во предвид како алтернатива. Собата е помала од 20 квадрата, така да не би требало да има проблем ни за ладење ни греење, само ми смета што бучавата им е над 60 децибела.

http://advancemedia.com.mk/shopping/vivax-cool-mobile-acp-09pt25aec/p/10402

http://advancemedia.com.mk/shopping/vivax-cool-moblie-acp-09pt25aeh/p/10401
Овие мобилни клими не ти ги препорачувам за затоплување
Кај секоја сплит клим ( со надворешна и внатрешна единица ), во режимот на затоплување во надворешната единица фреонот испарува и при тоа одзема топлина од надворешниот воздух. Затоа има вентилатор со кој овој воздух циркулира.
Кај мобилните клими за затоплување на испарувачот се користи воздух од самата просторија, кој се разладува и се исфрла надвор со цревата како што покажува постот на Strelec. Што значи во просторијата ќе имаш подпритисок што ќе предизвика влез на студен воздух од надвор низ процепите.
Од друга и искорисеноста СОР се намалува, бидејќи во просторијата влегува студен воздух од надвор . Може да се покаже со пресметка дека на многу ниски надворешни температури воопшто нема да се исплати користење на вакви клима. Оваа пресметка ја правев пред неколку години но сега не можам да ја најдам.
Но тоа не е ни битно, ако ми веруваш..
Во секој случај, моја препорака е да земеш вообичаена клима. Секоја клима може да биде одалечена од просторијата барем 15 метри, може да се постави и под надворешната единица, а со монтерот одберете најдобро место каде ќе ја поставите
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Смрт за зони и пајак воз.
Знам дека прават негативен притисок, ама собава е 4х4 и има само еден средно голем прозорец кој е добро изолиран, така да ако влече воздух, ќе влече од внатрешноста на куќата што е ок донекаде за греење затоа што спратот под мене се грее со дрва.

Но сепак според ова што го кажа им ставам голем минус.

За инвертер немам пари моментално, можам до 17-19 илјади да одвојам за клима. Страната на која ќе се монтира е скоро цел ден на сонце така да мислам дека нема да имам проблеми со замрзнување, и онака нема да ја пуштам пред 9-10 сабајле.

15метри оддалеченост, нели е многу тоа, со монтерот што разговарав ми рече дека максиум 3-5 метри зависно од климата, над тоа се губи добар дел од енергијата низ цевките.

Јас сум во план сплит систем да ставам, најверојатно некој вивакс или нешто од тој ранг.
Проблемот е што треба да се изнесе на кровот, а 20 и кусур кила не се лесни за манипулација додека стоиш на керамиди.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Што би препорачале за дуќан од 15 м2, сакам да земам од тие панелните ѕидни греалки ака конвектори?

На групер има некоја си марка Tesy од Сет за добра цена, ама колку што разбрав биле бугарска фирма.
http://grouper.mk/skopje/deal/tesy-konvektor-set

Други ми препорачаа само германските Vaillant или евентуално Schneider, нешто од овие:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_57_148&product_id=132101
http://technomarket.com.mk/products/09091100/schneider-jhe-25md
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Што би препорачале за дуќан од 15 м2, сакам да земам од тие панелните ѕидни греалки ака конвектори?
Глорифицирани греалки со фенси изглед, за киловат струја добијаш нешто помалку од киловат топлинска енергија и тоа е тоа.

Смрт за зони и пајак воз.Страната на која ќе се монтира е скоро цел ден на сонце така да мислам дека нема да имам проблеми со замрзнување, и онака нема да ја пуштам пред 9-10 сабајле.
Едно од правилата за греење со клима е дека: Освен ако не се догрева собата со некакво друго греење (на пример од долниот спрат) климата мора да работи 24/7. Поскапо ќе биде да загрее многу изладена соба одколку да одржува некоја просечна собна температура.

15метри оддалеченост, нели е многу тоа, со монтерот што разговарав ми рече дека максиум 3-5 метри зависно од климата, над тоа се губи добар дел од енергијата низ цевките.
15м ти кажа како максимум во спецификациите на одредени модели, тебе за да монтираш на спратот под тебе, ќе ти требаат некои 5-8м зависно од местоположбата. Цревата евтино се изолираат.

Јас сум во план сплит систем да ставам, најверојатно некој вивакс или нешто од тој ранг.
Проблемот е што треба да се изнесе на кровот, а 20 и кусур кила не се лесни за манипулација додека стоиш на керамиди.
Тука треба да си го заработи лебот монтерот, прашај си при купувањето за да не се вадат после дека немало услови за монтажа. (иначе надворешната единица најчесто тежи од 30 до 40 кила, па и повеќе)
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 09:34 ---
E да, од стандарните фиск спид клими достапни тука, мене некои сервисери ми ги препорачаа Беко. Наводно ништо посебно не се, но за парите добиваш доста (кога веќе не можеш да си дозволиш инвертер модел). Додатен плус е што се произведуваат во Турција, во истата фабрика каде ги прават и ЛГ (наводно по нивна лиценца).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Има ли некој искуство со мобилни клими?
Мојата соба е во поткровје и има шанса да не може да се монтира компресорот никаде, па сакам да ги имам во предвид како алтернатива. Собата е помала од 20 квадрата, така да не би требало да има проблем ни за ладење ни греење, само ми смета што бучавата им е над 60 децибела.
Јас имам. Прво е голема како шпорет, и ќе ти фати добар дел од просторијата. Второ е прилично гласна. А трето е што има црево со фи како од аспиратор, што мора да излегува надвор. Надвор не во ходник, туку надвор од зградата.
Доброто е што можеш по потреба да ја ставаш во разни простории. Само што ова добро во никој случај не ги покрива лошите страни.
Ние привремено ја користевме за ладење, така да за греење незнам како би се покажале, ама неверувам дека би биле подобри.
Ваквите модели мислам дека се адекватни за дуќани, работилници или простории каде треба привремено да се обезбеди клима уред. За дома не се.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Vanlok
Кај мене собата е добро изолирана, сендвич ѕидови, 10цм стиропор на кровот, и само еден ѕид е на надворешноста на куќата. Температурата никогаш не паѓа ептен долу, јас сепак спијам во таа соба, спратот под мене се грее на дрва од сабајле до вечер.
Може ли да ми ставиш линк од матемаитката за fix-speed vs invertor, сигурен сум дека имало таква дискусија на темава. Ако има драматична разлика можам да позајмам уште некои 100 евра и да земам некој инвертор

Јас тешко дека ќе можам да ја оставам цел ден да врти, не можам да спијам и со мала бучава да има, јас кога треба да рендерирам некоја анимација преку ноќ, го носам комп во друга соба.

moongoses
Фала за инфото, знам дека имаат околу 15цм широко црево, имам начин како да го поставам да дува на надвор, ама се останато е тежок минус за мобилниве, од кои 60+ децибели ми е најголем.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Немам ѕид за такво нешто, собата е во поткровје, и има само еден заѕидан прозор на кој може да се закачи компресор.
Проблемот е да се качи компресорот, треба да се изнесе на кровот некако, и малку е незгодно. Деновиве треба да помине монтер да ми каже дали е изводливо, па ако не е ке морам да смислам некој друга солуција.[/quote]

Нема шанси да нема услови за монтирање на над. единица, а се друго е до монтерите и до парите. Ако се става инвертер клима внимавај да ставаш квалитет барем од реномирана марка пошто гледам на пазарот има веќе инвертери кои едвај да го заслужуваат тоа име. Има излезено нео, фаворит, вивакс, кои имаат номинална потрошња 1кв, а минимална 0.6 кв, што е по мене многу блиску до он-оф клима. Не дека и појаките марки се ептен точни на декларираното, но барем кога една тошиба има декларирано 0.15 минимум на работа, ќе работи на едно 250-300 вати, а тоа е и условот за штедливост и комфорт со одржување на температурата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom