Башка што се меша „модулација“ со „потрошувачка“. Модулација може да има повисока, а да е мала потрошувачката просечна. Како што е кај една од врвните флегшип модели на Mitsubishi FH35VE. Имено со 300W потрошња климата си вади одлична температура на издув секогаш, и никогаш нема ни најмал момент да се осети ладно, или млако дување. Секогаш е топло и пријатно. А потрошњата и е како потрошња на хиперинвертер SCOP 5.1 на Pdesighn 3.6. Фантастична на месечно ниво. А си има и моќ за пониски температури од 0.Се е ова во ред, но фали температура на издув при ниска или при висока модулација. Јас би предложил кој ќе спомне модулацила отсега да дава и температура на издув. Џабе е модулација од 150 или 200 В ако има температура 20 или 25 степени. По мене, откако ќе ќе постигне температура подобро е да исклучи отколку да дува ладно.
Си има еуровент, си знаеме која клима колку троши. Ниска модулација значи и намалена температура на издувот, и прашање е дали е тоа добро. Да, добро е за некоја буџет клима да може да постигне добар SCOP, како јас што барав за на скали да ми грее на 20Ц поставена. Ама прашање е дали е комотно тоа „греење“ со 30Ц издув, кога е во соба, а не во ходник.
Ниска модулација може да е бајаги лоша работа за некои луѓе и да имаат негативно искуство. Знам бајаги луѓе што преминаа на инвертери не им се допаѓа тоа што инвертерот дува со 30Ц на пример во вакви периоди. Они сакаат да дува како греалка, топло. А старата клима он-оф им греела така, дувала врело. И сега мислат дека инвертеров е слаб и дека нивната стара си била подобра. Затоа и не е лошо да може да модулира климата за да одржи над 38-40Ц температура на издув, за да не се доаѓа до ова чувство дека не грее.
А потрошњата ќе ја каже SCOP и EVN на крајот на месецот.